Author: Mirjana

Пожарот во „ Треска “ е ставен под контрола, изјави граѓанин за НОВА кој  живее во една од бараките во кругот на некогашната фабрика. За среќа огнената стихија е локализирана и не се проширила кон  бараките.   Гореле лепаци и други хемикалии кои останале од некогашната фабрика  во сега напуштениот објект, оттаму и густиот и темен чад кој се издигна во центарот на Скопје. Очевидци за НОВА  кои во моментот се наоѓаат во близина каде сеуште има активен оган но не е со толкав интензитет како претходно, велат нема опасност од негово повторно распламтување. Булеварот „Теодосиј Гологанов“ е блокиран за…

Read More

Високиот претставник на Меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит во интервју за Танјуг оцени дека сите во Европа треба да сватат дека Србија е многу важна земја, посебно во овој момент. Шмит говорејќи за разговорот кој го имал денеска со претседателот Александар Вучиќ, рекол дека разговарале за многу работи но дека не сака да зборува во детали. „Mojот впечаток е дека сите во Европа треба да сватат дека Србија е многу важна земја, посебно во ова време. Кандидатурата за членство на Србија во ЕУ е многу важна. Лично би сакал да ја видам Србија како дел од Европската…

Read More

Запирањето на рускиот гас во моментов не е можно, а Европската унија мора да размисли за санкции кои повеќе ќе и наштетат на Русија, отколку на Европската унија. Ова го изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер за Си-Ен-Ен. „Австрија не е сама со овој аргумент против ембаргото за гас“, рече тој, наведувајќи ги германските и унгарските позиции. „Од друга страна, Австрија ги поддржува другите земји-членки на ЕУ во санкциите против Руската Федерација.Но, санкциите мора да ѝ нанесат поголема штета на Русија отколку на Европската Унија“, рече Нехамер. „За нафтено ембарго веќе се разговара во Европската комисија и Советот на ЕУ. Прашањето…

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков и државната потпретседателка Илијана Јотова, како и актуелната и претходната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска и Екатерина Захариева и Костадин Костадинов од руската партија во Бугарија, викендов ќе престојуваат во Битола и во Охрид. Посетата и активностите се во сопствена режија, со што немаат карактер на работна или официјална државна посета. Како што сме информирани од претставници на Здруженијата на македонските Бугари во земјава, повод за посетата е отворање на клуб во Битола од истоименото здружение „Иван Михајлов“ и читална во Охрид. Како што сега стојат работите, според сеуште непотврдени информации, бугарскиот премиер Петков ќе…

Read More

„Украинската бегалска криза е криза на заштита за жените и децата – тие сочинуваат 90 отсто од сите кои бегаат преку границите на Украина.Знаеме дека ризиците од родово-базираното насилство, трговијата со луѓе, злоупотребите, психичките трауми и разделувањето на семејствата се зголемуваат во време на конфликт и раселување, но со оглед на родовиот профил на овој бегалски тек и фактот дека многу од децата избегале сами, ризиците повеќекратно се зголемуваат. Како што се случува при кризни состојби и поради скриената природа на трговијата со луѓе, тешко е да се потврдат податоците и невозможно да се процени колку жени и деца бегалци…

Read More

Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат на воената алијанса, таа ќе преземе акција на Балтикот. „Веќе не може да се зборува за статус без нуклеарно оружје на Балтикот – мора да се воспостави рамнотежа. Русија не презеде такви мерки и нема намера да преземе“, напиша Дмитриј Медведев на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Ројтерс. Медведев е руски заменик-претседател на Советот за безбедност од 2020 година. Тој претходно беше претседател и премиер на Русија и долгогодишен сојузник на Владимир Путин. „Шведска и Финска со брутална сериозност разговараат за можноста за влез во НАТО. Самата алијанса е подготвена…

Read More

Од денеска секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството,…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови е следна: Скопје – 114, Битола – 29, Кавадарци – 9, Прилеп, Велес, и Штип – по 4, Тетово и Охрид – по 3, Куманово, Гостивар, Неготино, Радовиш и Делчево – по 2, Струмица, Гевгелија, Виница, Кратово и Крушево – по 1. Од вкупниот број на позитивни 185, регистрирани се 28 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Бројот на активни случаи изнесува 1172. 

Read More

Друштвото на ликовни уметници на Македонија информира дека изложбата „Поместени граници“ ќе се отвори во петок  15.04.2022 година  во 13.30 часот во дворот на Министерството за култура  и ќе трае до 20 часот истиот ден. Поставувајќи ја уметноста поблиску до гледачите, дури и случајните минувачи, ја продолжуваме мисијата, уметноста да биде духовна храна, преку нејзе да испратиме порака и да се запрашаме колку сме моќни да направиме промени. “Поместени граници” е веќе во своето шесто издание. Тоа е концепт проект посветен на новите медиуми,  потенцирајќи  ги уметничките процеси кои се отворени за промени, уметноста во хармонија со просторот, односот уметност и природа. Самите…

Read More

Вооружениот напаѓач од подземната железница во Бруклин се уште е на слобода, а њујорчани почнаа да патуваат со метрото на чија постојка вчера утрото имаше пукање со огнено оружје. Еден човек на 62 години, кој претходно беше посочен како „човек од интерес“, сега е со статус осомничен за нападот, информира њујоршката полиција. Вкупно повредени се најмалку 23 лица. Покрај 10-те лица погодени со огнено оружје, од кои пет се критично повредени, најмалку 13 други се здобиле со повреди поврзани со вдишување чад, паѓање или напади на паника, соопштија властите.

Read More

Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин.“ Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот. Ова спомен обележје претставува симбол на блискост и на културно-историската врска помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република…

Read More

Американскиот Стејт Департмент го објави глобалниот извештај за состојбата со човековите права во речиси 200 земји од светот вклучително и за Република Северна Македонија.Во општата оценка стои и оценката за парламентарните избори во 2020 година од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ дека изборите „генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата COVID-19. но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“. Извештајот ги окарактеризира изборите како „вистински конкурентни“ и покрај ограничената способност на политичарите да спроведат достапност за време…

Read More