Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Кога руските војници ја нападнаа нивната татковина, украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска одбија да побегнат или да попуштат, наместо тоа се определија – како и многу нивни сонародници и жени – да и пркосат на агресијата. Додека фокусот на претседателот беше на борбата против руските сили, првата дама се концентрираше на хуманитарните и на детските прашања, работејќи на подигање на глобалната свест за страдањата на обичните Украинци како резултат на војната, стои во уводот на интервјуто на сопругата на украинскиот претседател Зеленски, Олена за Си-Ен-Ен. Интервјуто го направи Кристијане Аманпур. Го пренесуваме во целост: Госпоѓо прва…
Неколку луѓе беа застрелани на платформата на метро-станицата во Бруклин за време на денешниот утрински метеж, рекоа официјални лица, за епизодата на насилство што ги засили стравувањата за јавната безбедност. Прелиминарните извештаи покажаа дека пет лица биле застрелани, изјави претставник на органите на редот. Полицијата бара маж со гас-маска и портокалов градежен елек, изјави службеникот, објави Њујорк Тајмс. Полицајците биле повикани на метро станицата која се наоѓала на 36-та улица, каде што линиите D, N и R минуваат низ населбата Сансет Парк, околу 08:30 часот, изјави портпаролката на Полициската управа. Тие, исто така, добиле извештаи дека се издигал чад од…
Денеска во Стопанската Комора се одржа средба на претседателот Бранко Азески и претседателите на регионалните комори. „Разговаравме за скапите суровини, скапите енергенси пред се струјата, проблемите со администрацијата од аспект на издавањето дозволи за компаниите да можат да поставуваат сопствени панели за струја во пресрет на зимата, за можностите државата да не ги покачува даноците и другите давачки, натаму за задржување на работниците за да не ни заминат по туристичките центри, па нашиот пазар да остане покус за работна сила, вели претседателот Азески. Претседателката на регионалната комора од Прилеп Ирена Јакимовска изјави дека од голема помош би било ако локалната…
Ни доаѓа сончева бура која ја предизвикала т.н. експлозија на „мртви“ дамки. Целосно неактивна „мртва“ сончева дамка означена како AR2987 ненадејно експлодирала на 11 април и исфрлила огромно количество соларен материјал кој тргнал во правец на Земјата. Последиците од оваа експлозија , според проценките, на земјата би се почувствувале за два дена од сега односно на 14 април, во форма на геомагнетна зголемена активност. За ова објави Филип Џаџ, соларен физичар од Опсерваторијата во Националниот центар за истражување на атмосферата на САД, (NCAR). Короналната експлозија од неактивната сончева дамка , според податоците на Центарот за прогноза на вселенските временски прилики,…
Педесет и осум годишен жител на струшкото село Драслајца доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, го оштетил Буџетот на Завод за нефрологија над 342 илјади денари. – Р.Л., во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што го оштетил буџетот на болницата стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Од направени 2.290 тестови регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по грдаови е следна во Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни во случајот 150, регистрирани се 27 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од…
Европол ја покрена операцијата „Оскар“ во правец на поддршка на финансиските истраги на државите членки на Европската Унија кои се однесуваат на имотот на физичките и правните лица кои се поврзани со рускиот напад на Украина, за кој постојат сомнежи дека е стекнат на криминален начин. Како што се наведува во соопштението, Европол заедно со државите членки на ЕУ . Евроџаст и Фронтекс ја покрена операцијата „Оскар“ која покрај финансиски , подразбира и криминални истраги на државите членки во врска со заобиколувањето на трговските и економските санкции. Во рамките на операцијата „ Оскар“ , Европол ќе обезбеди размена на информации,…
Хрватскиот ракометар Денис Тот денеска ќе биде закопан во родното Ѓаково откако на смрт беше претепан во Скопје. Сеуште има неразјаснети работи во овој случај кој од почетокот го следат две верзии на приказната, пишува хрватскиот портал Индекс. Според првата верзија за смртта на Тот било кажано дека умрел од застој на срцето а потоа утврдиле дека сепак бил нападнат. За другата верзија на случајот, порталот Индекс пишува дека со неа се сакало да се заташка случајот. „ Полицијата ја прегледа и снимката на која се гледа дека Тот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќниот…
И покрај тоа што не се усвои да биде разгледан по скратена постапка, Предлог законот за работни односи поднесен од Левица на 68-та собраниска седница што се одржа на 5 април, сепак ова беше доволен аларм што ја поттикна Стопанската комора со допис кој веќе е стигнат до архивата на Собранието, да реагираат до спикерот Талат Џафери не за суштината на предлогот, колку за процедурата односно начинот со кој воопшто се отвара можноста по скратена постапка да се туркаат работите. Од Стопанската комора бараат сферата на работните односи, посебно во услови за стопанисување како актуелните, да се третира на транспарентен…
Од најоддалечените длабочини на океанот до најдлабоките делови на белите дробови, се чини дека микропластиката навлегла во секој дел од нашиот живот, вклучувајќи го и човечкиот гастроинтестинален тракт. Медицинскиот универзитет во Виена неодамна објави студија во списанието Exposure & Health, која покажува дека просечно пет грама пластични честички влегуваат во гастроинтестиналниот тракт на една личност неделно. Претходните студии веќе открија честички во човечката крв и органи.Утврдено е и дека микропластиката им штети на неродените бебиња. Што е микропластика? Од 1950-тите па до сега, луѓето произвеле повеќе од 8,3 милијарди тони пластика, од кои 79 отсто завршиле на депониите и животната…
Двајцата најбогати луѓе на светот, Џеф Безос и Илон Маск ја претставија идејата за решавање на проблемите со бездомниците , предлагајќи седиштето на компанијата Твитер да се пренамени за прифатилиште на луѓе без домови. Основачот на компанијата Амазон за онлајн трговија Безос, се придружи на идејата која ја претстави Маск однеодамна најголемиот акционер на Твитер, седиштето на оваа јавна мрежа во Сан Франциско да се пренамени во дом за бездомници бидејќи во таа зграда ионака работеле мал број на луѓе поради пандемијата, пренесува Ројтерс. Безос во блог на мрежата ГикВајер, фокусирана на технологија, напишал дека во мај 2020 осумте катови…
Карл Нехамер утринава отпатува за Москва каде како прв државник на ЕУ од почетокот на војната во Украина ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Нехамер најави дека, иако шансите се мали, тој сака да се заложи за прекин на војната во Украина во разговорите со Путин. Претходно, Карл Нехамер изјави дека иницијативата за средба со Путин потекнува лично од него, а тој ја договорил средбата пред неговата посета на Украина. Тој пренесе дека за тоа го информирал и претседателот на Украина, Володимир Зеленски и дека се е усогласено со врвот на ЕУ. По средбата со Путин, како што…