Author: Mirjana

Македонците сонуваат ново чудо и историски пласман на мундијалот, со овој наслов државната телевизија на Србија известува за вечерашната финална утакмица за европскиот бараж, меѓу Северна Македонија и Португалија. Иако вечерва играат и Полска и Шведска, РТС во својот текст нотира дека сепак сите очи ќе бидат вперени на стадионот „Драгао“ на кој Португалците ќе го пречекаат „ најголемото изненадување на овие квалификации“ Северна Македонија. Играчите се полни со самодоверба, мотивацијата не е проблем, пишува РТС, потсетувајќи на ветувањето од премиерот и министерот за надворешни работи, доколку се пласираат на мундијалот нив ќе ги чекаат 500 илјади евра и дипломатски…

Read More

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, по повод 100-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу САД и Албанија, денеска им донесе среќна вест на граѓаните.  Одлуката почнува од 1 април а, со неа секој албански државјанин кој ќе сака туристички или деловно да оди во САД, визата ќе му биде издадена на 10 години.  Одлуката на САД за продолжување на важноста на визата на десет години меѓу другото била и поради тоа што Албанците се повеќе ги следеле американските правила за престој. Досега овие визи се издаваа на три години.  – Се надевам дека ќе најдеме уште повеќе начини да…

Read More

Руската амбасада во Скопје најави дека ќе одговори на тоа што земјава протера 5 руски дипломати. „ Ќе има адекватен одговор“, навел неименуван извор, пренесува Ројтерс. Министерството за надворешни работи на Северна Македонија денеска претходно соопшти дека 5 руски дипломати се прогласени за „persona non grata“ и им наложи да ја напуштат земјава во наредните пет дена, пренесува Ројтерс.

Read More

Анализа на проф.д-р Марјан Ѓуровски Денешното оперативно опкружување станува се посложено како резултат на културни, политички, економски, технолошки и пред се општествени промени во светот. Од 2014 година во терминологија се јавува поимот „хибридни закани“ како еволуција на поимот „асиметрични закани“. Русија развива хибриден пристап, што им нуди широка лепеза на можности надвор од меѓународното право или во неговата сива зона, со цел стекнување одредена предност. Претходно недржавните актери во своите герилски акции вметнувале одредени елементи на асиметричност преку заплашување, пропаганда, атентати, верска и културна индоктринација. За таа намена се користат државни институции, медиуми, верски институции, НВО организации, терористички и…

Read More

Во анализата за НОВА ТВ под наслов “Русофили или русофоби – лажна дилема” унивезитетскиот професор Марјан Ѓуровски говореше поопширно за руското влијание во државата. “Мешавината од различните алатки кои ги употребува Руската федерација конструираат хибриден апарат кој има цел да влијае во процесот на донесување одлуки во секоја поединечна држава од регионот, да ги освои „срцата и умовите“ на народите од регионот, да врши ерозија на институциите и на политичкиот систем преку поттикнување недоверба во демократските и државните институции, како и интраетничка, интеретничка, социјална, културна и политичка поларизација на општествата, што води кон лошо владеење во секоја поединечна држава од…

Read More

Од направени 1.192 тестови изминатите 24 часа , регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19. По градови сликата изгледа вака: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1.  Од вкупниот број на позитивни 48, регистрирани се 7 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа,  се регистрирани 2 починати лица  од: Струга (64г) и од Прилеп (63г) . И двете лица се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица 2 и кај двете се регистрирани коморбидитети. Бројот на активни случаи изнесува 1.834.

Read More

Александар Трајковски и ја донесе победата на Македонија во бараж натпреварот со Италија за светското фудбалско првенство во Катар. Тој ја затресе мрежата на италијанската репрезентација на фудбалскиот меч во Палермо  на две минути пред крајот на натпреварот, триумфирајќи над Италија со 1 спрема 0. Полувремето и двете репрезентации го завршија со 0:0 резултат. Со ваков исход од мечот, Италија остана без можност да учествува на мундијалот. Со оваа победа македонската фудбалска репрезентација се пласира во финале каде ќе игра со Португалија во Порто, откако португалците исто така вечерва ја победија Турција.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација првото полувреме со Италија го помина без примен но и без даден гол. Италија уште од самиот почеток притискаше да создаде шанса да ја затресе мрежата чувана од голманот на нашата репрезентација но безуспешно. На средината од полувремето  грешка направи Столе Димитриевски кој додаде до Берарди, но за среќа стигна да се врати. Италијанците неколку пати имаа добра прилика да шутираат гол  а нашиот тим дури на крајот на полувремето. 

Read More

Делегацијата на Европска Унија во Русија денеска соопшти дека отворила налози на апликацијата Телеграм и на руската социјална мрежа ВК (Вконтакте), руска верзија на Фејсбук. Налозите се отворени со цел корисниците на тие платформи да се запознаат со најновите настани поврзани со ЕУ. Делегацијата на ЕУ на Телеграм и на ВК ќе објавува изјави, соопштенија, видеоматеријали, фотографии и графикони

Read More

На патот од Тетово кон селото Ѓермо , попладнево се појавил пожар кој за среќа и благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица , бил локализиран и спречен да предизвика поголема штета, Ука Алити, командант на тетовската противпожарна единивца за дел од медиумите информира дека примиле дојава и прво што виделе кога се упатиле кон местото, бил густ црн чад. -По дојавата одејќи кон локацијата видовме дека има густ црн чад, а таму видовме дека станува збор за запалени дваесетина автомобилски гуми ставени на едно место. Неколку од гумите се стркалале бидејќи местото е стрмно и започнал и шумски пожар,…

Read More

Русите и Украинците денеска разменија затвореници, соопштија украински и руски претставници. – Во замена за десет заробени окупатори, вративме десет наши војници, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, наведувајќи дека ова е прва вистинска размена на воени заробеници со Русија од почетокот на руската офанзива врз Украина. Освен тоа, во Русија беа испратени осум руски цивилни морнари, преживеани од бродот што потона во Црното Море кај Одеса, а за возврат во Украина беа вратени 19 цивилни морнари заробени од Русите. – Ја потврдувам информацијата за размена на десет руски војници приведени на украинска територија за 10 украински војници. Имаше и размена…

Read More

Повеќе од пет милиони потенцијално опасни играчки со вкупна вредност од над 18 милиони евра беа запленети меѓу октомври 2021 година и февруари 2022 година, за време на операцијата Лудус II, координирана од Европол.  Запленети се бројни предмети кои би можеле да бидат опасни и да предизвикуваат ризици, како што се изложеност на хемикалии, гушење, струен удар, оштетување на слухот и опасност од пожар, се вели во соопштението на Европол, пренесува РТС. Во акцијата запленетголема светска заи се фалсификувани и недозволени сложувалки, видео игри, табла и игри со карти, коцки, кукли … Најголем дел од играчките се увезени од Источна…

Read More