Author: Нова ТВ

Состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ почна утрово во Брисел, но преговорите за Македонија формално не се на агендата бидејќи се расправа за надворешно-политички прашања, а не за проширувањето. Ова е последен состанок на европските шефови на дипломатиите во Брисел пред самитот на 10 и 11 декември, кој е последна шанса да се донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија оваа година, бидејќи следниот самит е закажан за 25 март. Дали ќе се отвори нашето прашање ќе се знае попладне, но малку е веројатно дека ќе има некакво придвижување до средбата на лидерите неделава. Во меѓувреме, Во…

Read More

Малку е веројатно до утре или во следните неколку часа да има некаков нов развој на настаните во однос на сегашната состојба, особено ако се има предвид неуспехот на последниот состанок заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања, изјави денеска бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во врска со можноста за промена на ставот на Бугарија во однос на ветото за преговарачката рамка за земјава со ЕУ во пресрет на утрешниот Советот на министри на Унијата. Како што јави БГНЕС, според Ковачев, премиерот Зоран Заев треба да манифестира „поголема храброст и поттик“, со цел спроведување на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете…

Read More

ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана од Советот за електронски медиуми на Бугарија бара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик. Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик, се вели во писмото на ВМРО-БНД до Советот за електронски медиуми, пишува бугарскиот медиум „24 часа“. „Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот ‘македонски’ јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН). Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во…

Read More

Во пресрет на утрешниот состанок на Советот за општи работи во Брисел на кој треба повторно да биде разгледана и да се одлучува за преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, земјава останува посветена на напорите за придвижување на процесот и покрај минималните шанси за повлекување на најавеното вето од Софија, која инсистира нејзините барања во врска со историјата да бидат вклучени во рамката. И додека од Софија деновиве официјално не се соопштува дали е можен пробив и деблокирање на преговарачката рамка што треба да го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција и отворање на преговорите на Северна…

Read More

Прашањето за сопственоста и слободата на медиумите во Бугарија е исто толку важно како и препораките во судството и јас ќе инсистирам на јасни одговори од бугарските власти, изјави за Бугарското национално радио еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. На 10 декември се очекува да одржи виртуелна дебата со бугарскиот парламент за препораките во извештајот за Бугарија за новиот хоризонтален механизам за владеење на правото. Во интервјуто за БНР, комесарот Рејндерс рече дека би сакал да знае како во владиниот акциски план се споведуваат реформите за кои се дадени препораки. „Едно е да се има план за акција, сосема друго –…

Read More

„Владата секогаш ќе реагира и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон секоја партија ако е во прашање дезинформација која му штети на јавното здравје. Ако вие излезете и во име на политичка партија или компанија или друг чинител објавите информација дека во земјава има уште 100 тестови за Ковид а притоа секојдневно се тестираат по 300, а сега веќе и по 1 000 и над 1 000, Владата е нужно да излезе и да се спротивстави на таквите дезинформации во интерес на спречување на ширење паника кај населението.“- изјави Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, во емисијата „25 минути“…

Read More

Силните дождови што денеска го зафатија северот на Италија предизвикаа поплави и покренаа црвен алерм во делови од венето, Фурланија и покраината Болзано. За неколку часа пожарникарите во венето извршија 400 итни интервенции. „Поради опасност од лизгање на земјиштето и лавини, ги повикувам сите да избегнуваат одење во подрачјето на Белуно“, изјави за Анса гувернерот на регионот Венето, Лука Заиа. Eвакуирано населението во Модена Во Модена во Емилија-Романа се излеа реката Панаро, па евакуирани се сите жители од некои подрачја. Жителите се повикани да се засолнат на повисоките катови од куќите. Зајакнување на пожарникарит еим пристигна од Тоскана и Пиемонт.…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска попладне влезе во операциона сала за да помогне на пациентка која поради болест не можела да оди. – Претпладнево извршивме успешна операција врз 34 годишна пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет што и предизвикувал проблем со одењето, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Пациентката се чувствува одлично по операцијата и посакувам брзо заздравување, додаде Филипче во својот пост на Фејсбук.

Read More

Германскиот возач Мик Шумахер е шампион во Формула 2 за сезоната 2020. Неговиот татко е познатиот возач на Формула 1, Михаел Шумахер. Мик Шумахер стана шампион, и покрај неуспешниот учинок во последната трка од сезоната возена денес во Бахреин. Тој заврши само 18-ти но ривалот за титулата Калум Илот ја пропушти својата шанса со тоа што заврши на 10. место. Од следната сезона Шумахер јуниор ќе учествува во Формула 1 како дел од тимот на Хас.

Read More

Последниот прогласен национален парк кај нас е Галичица, пред точно 62 години. Од тогаш до денес, ниту една планина не била прогласена за Национален Парк, а потенцијал и потреба има за повеќе планини. Ако на досегашните три национални паркови Маврово, Галичица и Пелистер ја додадеме и Шар Планина заедно би сочинувале околу 12 проценти заштитено подрачје од територијата на државата. Делот на Шар Планина од косовска страна е прогласен за национален парк од 1986 година, а во Албанија има заштитено подрачје во категоријата парк на природа од 2011 година. За споредба, земјите во регионот имаат многу поголем број на национални…

Read More

За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана. На денешниот состанок со директорите на здравствените домови од целата држава разговаравме за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19, објави денеска на својот фејсбук – профил министерот за здравство Венко Филипче. Вакцинацијата, посочува министерот, ќе се одвива во вакциналните пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети. -Поставуваме посебен модул на коронавирус вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, но бидејќи е нова вакцина ќе се организира едукативен…

Read More

Евтините авио линии, кои беа прекинати поради ковид-кризата ќе бидат обновени веднаш откако ќе се отворат границите, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Работиме на полето на враќање на авиолиниите, но тоа не е прашање кое треба еднострано да се дискутира, туку се однесува и на билатералните односи помеѓу две земји. Како ќе се отвораат границите и ќе се олеснуваат протоколите и како здравствените работници во двете земји ќе нудат олеснителни можности во однос на ковид кризата, така ние ќе го следиме тој процес и ќе ги враќаме авиолиниите, рече Бочварски во одговор на прашање на одбележувањето…

Read More