Author: Нова ТВ
За да се спречи профитерство, грчката Влада воведе „плафон“ за цените на тестовите, како за ПЦР така и за брзите, кои не смеат да бидат поскапи од 40, односно 10 евра, јави МИА од Атина. Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи, Панајотис Стамбулидис, на денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека во моменти кога голем дел од бизнисите се затворени поради карантинот, а Владата поддржува здрава конкуренција, неопходно е да се спречат случаи на профитерство. „Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според…
Пишува: Беса Арифи Следејќи го целиот процес поврзан со бугарското вето за започнување на преговорите за пристап во ЕУ на Северна Македонија и случувањата во последниве денови се повеќе мислам дека треба да направиме голем напор и да се потрудиме да останеме трезни и разумни во овие историски времиња. Велам историски бидејќи сега се крои иднината на ова мала земја во која живееме а која, верувам сите ние кои се сметаме за нејзини прогресивни граѓани, сакаме да ја видиме што е можно поскоро како членка на ЕУ. Ние живееме во историски период во кој се одредува насоката во која ова…
Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат. Заради иднината. Давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо!, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Темните страници од балканската и европската историја не треба да бидат пречка за иднината.
Апостолски, кој е водач на македонската армија во текот на НОБ, пишува дека по одобрение на врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз Тито, во завршните операции од антифашистичката битка активно се вклучила и армијата на Отечествениот фронт на Бугарија, а во операцијата за ослободување на Скопје учествувала Втората отечествено-фронтовска бугарска армија Во посебната публикација „НОБ на Македонија“, издадена во Скопје во 1964 година, тогаш генерал-полковник на ЈНА во пензија, Михаило Апостолски, заедно со Јован Поповски, објавува низа фотографии, документи и карти со пригоден текст по повод дваесетгодишнината од ослободувањето на Македонија. Во книгата, Апостолски, кој е водач на…
Вицепремиерот за задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вели дека веќе се преземени активности за поврзување на институциите, детектирани се сите слабости и со акцискиот план на неговиот кабинет ќе се стартува со реализација за нивно отстранување за, како што истакнува, да има ред и дисциплина во постапувањето во институциите на системот и да ја вратиме довербата кај граѓаните. Коментирајќи кога ќе има резултати од работата во негова надлежност и функција што беше воведена првпат, рече дека се направени многу чекори и најави дека по истекот на првите 100 дена од работата…
Премиерот Заев Заев, вицепремиерите Љупчо Николовски и Артан Груби, заедно со министри од економските ресори денеска присуствуваа на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернационалн фреш фуд“ за бројлерско производство во селото Гиновци во Општина Ранковце. На отварањето премиерот Заев ја истакна важноста на оваа голема инвестиција, како за регионот така и за вкупното домашно производство на пилешко месо: „Ми претставува чест и задоволство што денес заедно го означуваме почетокот на работа на новата модерна инвестиција по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека фактите оти македонскиот народ ја остварил својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија, оти АСНОМ е потврда на македонскиот јазик и идентитет, дека нашата државност се заснова на антифашизмот, како и дека земјава била ослободена од македонските борци од НОБ се неспорни и тоа не може да биде доведено во прашање. Сепак, вели, за да да продолжи Северна Македонија напред треба да се бараат решенија со Бугарија преку дијалог и заемно почитување на двете земји и народи. -Многу е важно уште еднаш да се повторат некои факти што се неспорни, а тоа е прво…
Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека би била голема грешка ако премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев одиграат некаков театар и потпишат нова декларација на желби, како што е Договорот за добрососедство од 2017 година, без јасни критериуми и механизми за верификација, јавува БГНЕС. Како што пренесува медиумот, Радев порачува дека Бугарија има голема желба пријателите од Република Северна Македонија да ја добијат својата европска перспектива и затоа сега треба да се почека да се смират емоциите. „Ние мора да се вооружиме со трпеливост за отворен и смирен разговор, за јасно да можеме да ги видиме позициите на обете страни…
Катерина Колозова, извршна директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во својот фејсбук статус ја истакнува потребата од вршење на вистинска и целосна, а не делумна проверка на фактите, поттикната од реакциите по последното интервју на премиерот Заев за бугарската БГнес: – Се одморив. ПОД ЕДЕН, тест за вашата сопствена фашизоидност. Како звучи следново: „Германија не е нацизам. Германија е пријателска земја.“ И како звучи „Германија е нацизам, Германија е непријателска земја“? Сега, заменете „Германија“ со „Бугарија“. ПОД ДВА: И сега вака – БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката ИСТОРИЈА на Бугарија. Лажете – не негираше…
Епидемијата го достигна пикот минатата недела, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Според него, од тогаш бројките се намалуваат и се стабилизираат. Имено на 17 ноември е забележан најголем процент на заболени од тестирани 41,2 отсто кога има и најмногу новозаразени 1.407 и од тогаш бројките паѓаат. – Расте бројот на оздравени. Евидентираме високи бројки на оздравени а бројот на оздравени е зголемен за 45 проценти минатата недела во однос на претходната – рече Филипче.. Со тоа, здравствениот систем не е под толкав притисок, а во меѓувреме се овозможија капацитети, кревети и персонал за сите кои се…
Позитивните резултати од завршните испитувања на неколку кандидати ја поттикнаа надежта дека набрзо ќе заврши пандемијата. Десетици „стартап“компании до фармацевтски гиганти се натпреваруваат да произведат безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот, за да одговорат на итната здравствена потреба и добро да заработат. Позитивните резултати од завршните испитувања на неколкуте кандидати за вакцината ја поттикнаа надежта дека набрзо ќе заврши пандемијата. Новиот коронавирус досега уби речиси 1,4 милиони луѓе во светот. Светска здравествена организација (СЗО) до средината на ноември идентификува 48 „кандидати за вакцина“, кои се во фаза на испитување врз луѓе. Тоа е голем напредок од јуни, кога имаше 11…
Бугарската влада веќе петта година по ред го финансира здружението „Македонски научен институт“ (МНИ) кое, меѓудругото, има за цел да ја „расветлува насилната денационализација на бугарското население во Македонија“, пишува денес „Дојче Веле“. Бугарските медиуми го пренесуваат истражувањето на бугарската редакција на „Слободна Европа“, во кое се наведува дека за таа цел досега од парите на даночните обврзници во Бугарија биле издвоени околу 220 илјади евра. МНИ е директно поврзано со партијата ВМРО-БНД на актуелниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов кој деновиве е најгласниот противник на почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Исплатата од буџетските средства започнала…