Author: Нова ТВ
Повеќе средства за исплата на платите на вработените во установите од културата, средства за нивелирање на платите на директорите на националните и локалните установи, зголемување кај ставката блок дотации каде се предвидени повеќе средства за исплата на бруто платите на вработените во локалните установи кои се нивелирани заради примената на новиот Колективен договор за култура, како и за платите на директорите на локалните установи, средства во висина од пет милиони денари за поправки и тековно одржување на објектите на националните установи… Ова меѓу другото е предвидено во Предлог – буџетот за 2021 година за културата, кој изнесува 3 милијарди 276…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска на својот Фејсбук профил напиша историјата да се остави на историчарите, а политичарите да се занимаваат со сегашноста и со иднината. -Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ, напиша Димитров. Натаму наведува дека македонскиот јазик и идентитет не можат да бидат пречка за интеграција со Унијата. -Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува…
Сите работи што ги зборуваше г. Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Ова се истакнува во денешната реакција на коалицискиот партнер на Заев, партијата ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски, во врска со вчерашнто интервју на Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС. Партијата му дава поддршка на Заев за „храброста со која зборувал за македонската историја“. ВМРО-НП на Георгоевски смета дека, „за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите…
Имајќи го предвид развојот на добрососедските односи помеѓу нашите две држави, особено за олеснување на меѓународната положба на нова Бугарија, а и сметајќи дека учеството на бугарската војска во заедничките операции може да биде корисно, по советувањето со другарите од Врховниот штаб, јас дадов позитивен одговор, сведочи Тито „Повторно од вас не добиваме воени извештаи. Ова е политички многу незгодно. Исто така, јавувате за заеднички акции на нашите и на бугарските трупи.“ Ова го напишал Јосип Броз Тито во дописот што го испратил до Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, на 30 октомври 1944 година, период во кој…
Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детал.Но во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Униј“, порача денес премиерот Зоран Заев по лавината реакции за неговото интервју за БГНЕС. -И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање…
Македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции, вели претседателот Стево Пендаровски за Дојче веле по вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС. „Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање. За решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои…
Европската унија сака да ги забрза постапките за создавање генерички лекови без согласност на сопствениците на патенти, покажа документот на ЕУ за потегот насочен кон заобиколувањето на заштитата на правата на интелектуална сопственост во итни ситуации, јави Хина. Таканареченото задолжително добивање дозвола е дозволено во вонредни ситуаици според правилата на Светската трговска организација (СТО) и исто така може да се примени во случајот со пандемијата на коронавирусот. „Европската Комисија гледа на потребата да се осигури дека постојат ефикасни системи за задолжително добивање дозволи, што ќе се користат како последно средство и заштитна мрежа кога нема да успеат сите други обиди…
Церемонијата на збогување со починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона ќе се одржи во „Каса Росада“, официјалната резиденција на аргентинскиот претседател. Настанот ќе трае 48 часа. Се очекува околу еден милион луѓе да присуствуваат на церемонијата. Марадона во својата кариера беше дел од Бока јуниорс (1981 – 1982, 1995 – 1997), Барселона (1982 – 1984) и Наполи (1984 – 1991). Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година. Во 1986 година, играјќи за националниот тим, Марадона го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Тој беше избран за најдобар играч на тој турнир.…
И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По неколку недели, според информациите од Собранието, се очекува мнозинството да има доволен број пратеници, 61 за негово носење, бидејќи неколкумината позитивни од Ковид-19 или во самоизолација неделава се вратиле на работа. Со предлогот се предвидува пратеници со позитивен тест за Ковид-19 и со решение за изолација да можат да се изјаснуваат на пленарни седници и на седници на собраниските комисии, а го поднесе претседателот на Собранието…
Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се испраќаат пораки дека во интерес на двете земји е целосно спроведување на Договорот за пријателство и надминување на недоразбирањата, што би овозможило одржување на меѓувладината конференција со ЕУ во декември за време на германското претседателство. Премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС порача дека е најлесно ситуацијата да се остави така како што е или да се влоши, истакнувајќи дека треба да бидеме храбри и да…
Армијата од денеска се очекува да се вклучи во обезбедување на здравствените институции. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во главниот град, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес и други. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по вчерашната средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, изјави дека Владата го испратила барање до претседателот на државата и врховен командант на воените сили и очекува тој да го одобри. Шеќеринска појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи. – Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од институциите…
Коронавирусот нè научи дека за да се избориме против невидливиот противник мораме да реагираме заеднички, со сите сили. Зегин како општествено одговорна компанија постојано се грижи за доброто на оние на кои во моментов им е потребна најголема помош и поддршка- медицинските лица. Дониравме хируршки маски и ракавици, но и пробиотици во ГОБ “8 Септември” На Институтот за белодробни заболувања помогнавме со Дигитални апарати за мерење на крвниот притисок, како и пулс оксиметри. На Универзитетската Клиника за дигестивна хирургија дониравме заштитни маски и ракавици Да помогнеме сите за да се му се вратиме на стариот живот што е можно побрзо!…