Author: Нова ТВ

Русија се судри со Германија и петте нејзини западни сојузнички на седницата на Советот за безбедност на ОН заради случајот со труење на рускиот опозициски активист Алексеј Навални. Рускиот амбасадор во ООН Василиј Небензиа побара докази дека нервниот отров Новичок е користен против критичарот на Кремљ, додека германскиот амбасадор Кристоф Хојсген. рече дека наодите се предадени на Меѓународната агенција за забрана на хемиско оружје. Конфликтот меѓу Русија и Германија се одвиваше на месечната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која присуствуваа и амбасадорите на САД, Белгија, Велика Британија, Естонија и Франција, кои изразија загриженост за тврдењето на…

Read More

Нефи Усеини, советникот на ДУИ во Општина Охрид, и неговиот брат се пуштени од охридскиот притвор да се бранат од слобода по поднесена гаранција од 850.000 евра Претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски, за „Фокус“ потврди дека доцна попладне во текот на вчерашниот ден тие се пуштени, откако првичноп им беше одреден притвор од осум дена и истиот во меѓувреме беше продолжен со решение од битолска Апелација. Гаранцијата се состои од недвижен имот, а овој пат Јавното обвинителство одговорило позитивно и се согласило со понудената гаранција, откако претходно се пожали на одлуката на Охридскиот суд да им го укине притворот.…

Read More

Најмалку десет лица загинаа во пожарите во Калифорнија, а 16 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија властите во Северна Калифорнија. Полицијата во округот Буте пронајде седум тела, а три пронајде еден ден претходно. Како што пренесуваат американските медиуми, се верува дека повеќе тела ќе бидат пронајдени кога спасувачките екипи ќе ги пребаруваат разурнатите области, со помош на тим антрополози од Универзитетот во Чикаго. Пожарите во тој дел на Калифорнија траат веќе една недела, а досега се совладани околу 50 проценти од оние што се проширија на Сиера Невада, уништувајќи го поголемиот дел од градот Бери Крик. Во пожарите…

Read More

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек. – Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров, нагласуваат од Градот Скопје. Во Скопје деновиве се одвива, како што се наведува, голема градежна офанзива за изградба и обнова на градските улици – се пробива…

Read More

Светската здравствена организација не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација. Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 за пандемија со неколку жаришта. „Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години“, се наведува во соопштението. Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети –…

Read More

Викторија Азаренка стави крај на соништата на Серена Вилијамс за освојување на рекордна 24-та грен слем титула на овогодинешниот УС Опен. Во мечот од полуфиналето, тенисерката од Белорусија ја победи шесткратната освојувачка на турнирот со 1-6, 6-3, 6-3 за 1 час и 56 минути. Вилијамс продолжува да води со 18-5 во директните натпревари со Азаренка. Поранешната бр.1 во светот влезе во финалето на еден Гренд слем турнир за прв пат од 2013 година. За титулата таа ќе спори со четврто пласираната Наоми Осака, која во своето полуфинале ја совлада Американката Џенифер Брејди со 7-6 (7-1) , 3-6, 6-3. https://youtu.be/zZATyhHQKL4

Read More

Лавина реакции од македонски официјални претставници предизвика вчера изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако Мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања. Главно сите сметаат дека ќе се изнајде заедничко решение со Бугарија, во духот на пријателството и со почитување на Договорот за добрососедство. Премиерот Зоран Заев во гостувањето на Националниот сервис изрази уверување дека ќе се изнајде решение со Бугарија и оти двете страни ќе излезат победници и дека историјата е важна, но таа треба да биде појдовна основа за…

Read More

Во Италија досега речиси 50 проценти од вработените во училиштата биле тестирани за вирусот Ковид-19, што е околу 500.000 наставници и ненаставен училишен персонал, а 2,6 проценти од тестираните, односно околу 13.000 лица се позитивни. Ова се податоци објавени од канцеларијата на италијанскиот специјален комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури. Најголем број тестови се спроведени во Ломбардија, каде биле тестирани 70 отсто од вработените, додека Сардинија е на последно место со 5 отсто. Извештајот не го опфаќа регионот на Лацио, кој го спроведе тестирањето независно, јави агенцијата Анса. Се очекува на 24 септември процентот на тестирани работници во училиштата во…

Read More

Популарната стрим-платформа Нетфликс е под силни критики по објавувањето на филмот „Mignonnes“ („Cuties“, „Слатки девојчиња“), што според многумина, промовира и поттикнува педофилија. Филмот е за неколку 11-годишни деца од Сенегал што живеат во Франција, и се здружуваат во женска танчерска група. Според критикувачите, сцените со настапите на малите девојчиња, имаат силен сексуален контекст. https://youtu.be/M0O7lLe4SmA На Твитер започна и кампања #CancelNetflix. Од друга страна, пак, на интернет-страницата „Ротен томатос“, филмот има и позитивни критики. На ИМДБ, филмот засега е оценет 1,7 / 10, што е доста ниска оценка.

Read More

Носиме одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години, а дамите може да одберат да се пензионираат на 62 години, рече вечерва премиерот Зоран Заев во интервјуто на МТВ. Тој истакна дека се предвидува можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен профил не се јави никој и тогаш се отвора можноста за вработување стручни луѓе над 64 години. – Втората важна компоненета во рамките на реформите на пензискиот систем е пред полнење на 64, односно 62 години да може да се докупи стажот, истакна Заев, додавајќи…

Read More

И покрај коронавирусот, Германците се оптимисти и имаат толку малку стравови колку што одамна не се случило – е изненадувачкиот резултат од едно истражување, јави Дојче Веле. Веќе 28 години, по налог на Рајфајзен Фолксбанке Осигурување Р+В, сеспроведуваат анкети околу стравовите на Германците. И токму во 2020, годината на короната, Германците сенајмалку уплашени во споредба со претходните децении. Секако дека во јавност носат маска и сепретпазливи. Но, страв од заразување со коронавирусот имаат само малкумина. – Затоа индексот на сите стравови паѓа од 39 на 37 проценти, на најниско ниво од почетокот на спроведувањето на анкетите во 1992 година, изјави…

Read More

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска побара итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физички и правни лица од Еуростандард Банка, и во целост парично ќе ги обештети. Потоа, државата да наплати од стечајната маса. За ова барање, од Здружението посочуваат дека доставиле предлог закон на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, каде како што велат, била искажана волја за решавање на овој проблем. Овие денови Здружението има состаноци со пратеничките групи во Собранието за да побараат и нивна поддршка за донесување на закон. Николоски Дејан,…

Read More