Author: Нова ТВ

Инвалидски колички за потребите на Клиниката за пулмологија и алегологија, донираше компанијата „Зегин“. Инвалидските количики се наменети за пациентите, а со цел да се олесни работата на клиниката. „Како општествено одговорна компанија, Зегин секогаш се вклучува и помага онаму каде што е најпотребно. Дониравме инвалидски колички на Клиниката за Пулмологија и Алергологија. Донацијата која е наменета за пациентите и олеснување на текот на работата на клиниката ја прими Директорот, Проф. д-р Дејан Докиќ, кој и овој пат се заблагодари за соработката со Зегин, која стана традиција. Како што истакна и професорот Докиќ, заедно се трудиме да го обезбедиме она што е потребно…

Read More

Познатиот чешкиот филмски режисер Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст по долгогодишно боледување, соошшти неговата сопруга Олга Менцелова. Менцел беше еден од главните претставници на славната чешка филмска школа и на таканаречениот чешки нов бран. Се прослави со својот прв игран филм „Строго контролирани возови“, за кој доби Оскар во категоријата најдобар странски филм во 1967 година. Менцел го снимал филмот во текот на политичките промени во Чехословачка, познати како „Прашка пролет“, либерализација во земјата во времето на доминацијата на СССР со Источниот блок, по Втората светска војна. Поради провокативноста на неговата сатира „Шева на крајот“, снимена во 1969 година, беше забранета…

Read More

Доколку постоеше одобрена и бесплатна вакцина за коронавирусот, 44 отсто од Грците не би сакале да се вакцинираат, наспроти 50 проценти од анкетираните, кои одговориле позитивно, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Метрон аналисис“ за грчкиот весник „То вима“, јави дописничката на МИА од Атина. Најголемиот број на оние кои не би се вакцинирале се на возраст од меѓу 45 и 54 години. Според истражувањето, испитаниците сметаат дека најголемите проблеми во земјата, во овој момент се пандемијата (29 отсто) и економијата (28 проценти), а веднаш потоа е надворешната политика со 21 отсто од одговорите на анкетираните. Во…

Read More

Приоритет на новата Влада предводена од СДСМ е прочистување на правосудството, со комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител, најавуваат од партијата. Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите, а судството мора да се прочисти, за чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство“, се наведува во соопштението од СДСМ. Оттаму…

Read More

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска со почеток во 10 часот е закажано судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ кои се обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според обвинението, тие организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. На 21 август започна судскиот процес под кодно име „Колибри“ каде, Обвинителството и обвинетите ги дадоа воведните зборови пред судот. Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг Воислав Будисављевиќ на првото рочиште на судењето во случајот „Трговија со кокаин“ се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата за кои се гонат…

Read More

Австралиските власти соопштија дека првите количества од вакцината против Ковид-19 ги очекува во јануари, а премиерот Скот Морисон вчера кажа дека дневниот број на новоинфицирани е најмал во последните 10 недели. Морисон притоа откри дека владата со компанијата CSL Ltd постигнала договор за производство на две вакцини. Првата е развиена од конкурентската фармацевтска компанија АстраЗенека, во соработка со Универзитетот во Оксфорд, а втората е таа што во своите лаборатории ја развива  компанијата CSL Ltd, во соработка со Универзитетот во Квинсленд, пренесоа британските меидуми. -На Австралија и треба малку надеж. Денеска направивме значаен чекор кон подобрата заштита на здравјето на нашите…

Read More

Со средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, денеска во Брисел, под покровителство на Европската Унија (ЕУ), продолжува дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Во улога на домаќин ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. Во соопштението на ЕУ за средбата се наведува дека ќе бидат разгледани прашања за малцинските заедници и меѓусебните побарувања и имотот, како дел од патот кон сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Вучиќ вчера пристигна во Брисел од…

Read More

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ службено го загуби мечот од осминафиналето на УС Опен. Тој беше казнет затоа што со топче удри една од линиските судии. И покрај извинувањето поради несмасниот потег, Ѓоковиќ беше драстично казнет од службените лица на Грен слемот во Њујорк. Во моментот на инцидентот, се играше првиот сет и резултатот беше 6:5 за Карено-Буста. Шпанецот се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со победникот од мечот Денис Шаповалов (Канада) – Давид Гофин (Белгија). https://youtu.be/mxDh4Nx948M

Read More

По коментарот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова која на својот Фејсбук профил објави фотографија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Белата куќа, како седи на столче наспроти работната маса на Доналд Трамп, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“ и острите реакции во Србија, меѓу кои и на Вучиќ, кој оцени дека „се работи за нејзин простатилук“, прво дојде извинување од самата Захарова, која кажа дека била „погрешна протолкуван„ како и до телефонски разговор меѓу Вучиќ и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Како што јави дописникот на МИА од Белград,…

Read More

Епидемиолошката состојба во државата со ковид-19 е стабилна, со благ тренд на намалување на бројот на пациенти, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Сепак, предупредува дека состојбата може лесно да се промени и не смее да се каже дека вирусот ја изгубил силата. Потенцира дека особено есенско-зимските месеци носат повеќе ризик фактори што можат да ја влошат епидемијата. – Гледајќи го периодот јуни, јули и август се добива впечаток дека имаме лесно намалување од десетина проценти на вкупниот број на дневно регистрирани случаи, ако се земе период од осум недели. Она што го гледаме во последните…

Read More

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас предупреди  дека доколку од Москва нема поддршка во истрагата за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Берлин би можел да биде принуден да ја преиспита судбината на германско-рускиот проект за изградба на гасоводот „Северен поток 2“. „Се надевам дека Русите нема да не принудат да ја смениме позицијата во врска со гасоводот „Северен поток 2“, што се гради под Балтичко Море“, изјави Мас за германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“. Мас додаде дека Германија ќе мора да одржи консултации со своите партнери доколку во следните неколку дена нема руски придонес во истрагата во…

Read More

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа,  вели министерот за здравство Венко Филипче, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во интеревјуто министерот кажува дека препораката училиштата да почнат со работа од 1 октомври е поради тоа што во септември ќе има доволно настани и случувања што можат…

Read More