Author: Нова ТВ
Од наредниот месец треба да почне процесот за донесување на нов закон за пензионирање согласно кој во пензија ќе мора задолжително да одат сите лица со навршени 64 години. Исклучок од ова се здравствените работници – лекари и медицински персонал, како и кадри од областа на високото образование. Како што најави денеска премиерот Зоран Заев, законот треба да почне да се применува од јануари наредната година. Според податоците кои ги добил од МИОА, во моментот има околу 10.300 лица на возраст над 64 години, а сè уште се во работен однос. „Вака ќе отвориме простор за младите и перспективни кадри…
Ќе бидеме партнери со земјоделците и со откупувачите за да можеме да го зајакнеме земјоделството како гранка, бидејќи од тоа зависи и развојот на економијата на нашата држава, порача новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа по преземање на должноста од неговиот претходник Трајан Димковски. „Мило ми е што во Министерството наоѓам тим што завршил и тековно работи на доста добри проекти, но ние можеме да работиме уште повеќе и уште подобро. Наш приоритет е да бидеме партнери со земјоделците и со откупувачите за заеднички да ја развиеме оваа гранка, но воедно ќе работиме и на усогласување на…
Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 450 тестирања со позитивни резултати кај три лица во Скопје и по едно во Куманово, во Тетово, во Гостивар, во Гевгелија, во Крива Паланка, во Берово, во Виница и во Делчево
Најмалку едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница што се случи јужно од Чикаго, јави телевизијата „Ен-Би-Си“ врз основа на информации од полициски извори. Во извештајот се вели дека пукотницата се случила во текот на вчерашниот ден кога, засега сè уште неидентификувано лице, отворило оган од автомобил, погодувајќи еден од гостите кои во тој момент ручале во ресторан. https://www.youtube.com/watch?v=EKwAc43oagA&t=8s Повредените лица се хоспитализирани, но нема детали за нивната здравствена состојба.
Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук утрово го поздрави стапувањето на должност на новата македонска влада и нејзиното „брзо формирање“ во услови на глобална пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел. „Треба да потсетиме дека Заев ги истакна и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција како основа за продолжување на реформите. Новата влада во Скопје, која е јасно проевропска, сега ги има сите алатки за продолжување на напредокот што го направи Северна Македонија во последните години. Сметам дека една од првите задачи на новата влада е да изготви патоказ за пристапување, врз основа на широк…
„За“ предложениот владин кабинет гласаа 62 пратеника, а „против“ беа 51. Старо-новиот премиер Зоран Заев, меѓу другото, најави насочување на целосниот фокус кон економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции, привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата, но и посилно и поквалитетно здравство
Државната изборна комисија на Црна Гора (ДИК) објави прелиминарни резултати врз основа на 98,55 од обработениот примерок, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,12, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите. Коалицијата „Мирот е наша нација“ освои 12,55 проценти, „Црно на бело“ 5,57, Социјалдемократите 4,09, Бошњачката партија 3,81, СДП – Силна Црна Гора 3,14, Албанската листа 1,61 и Албанската коалиција Едногласно 1,16 проценти. Хрватската граѓанска иницијатива освоила 0,27 проценти, а Хрватската реформска партија 0,13 проценти од гласовите и според овие резултати на ДИК, тие не го поминаа цензусот. Гласале 76,68 проценти од регистрираните избирачи, од…
Премиерот Зоран Заев ги соопшти приоритетите на новата влада. “Вечерва, Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, искличиво согласно интересот на граѓаните и државата. Им благодарам на пратениците од демократското мнозинство кои ја препознаа важноста и потребата од нова одговорна Влада и кои ни ја додоа довербата да ги водиме инситуциите. Во следните четири години со сите ресурси ќе дејствуваме за да ја оправдаме довербата на пратениците, односно на граѓаните кои го доделија мандатот на пратениците. Прв приоритет на новиот владин состав ќе биде продолжување на антикризните мерки за уште поголема…
Она што е клучен процес во областа правда е прочистување на судиите и обвинителите во соработка со Судскиот совет, Советот на Јавни обвинители и ДКСК кои ќе започнат постапка за проверка на судиите и обвинителите
Со 62 гласови „за“, 51„против’ и без „воздржани“ пратениците во Собранието вечерва ја изгласаа новата влада која ќе ја предводи премиерот Зоран Заев. – Се обврзуваме чесно и одговорно да работиме, да имате подобар стандард и подобра перспектива за сите и за вашите деца. Ветувам правда за сите, ќе работиме на одговорен начин, ќе имаме модерно и европско образование, ќе работиме за уште посилно и поквалитетно здравство, ќе служиме чесно и одговорно и ќе бидеме сервис на сите граѓани во сите области. Сега веќе немаме отворени етнички прашања, сите сме еднакви, ќе работиме еднакво за сите. Очекуваме економската соработка со…
Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов во вечерашното обраќање во Собранието истакна дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ со кој оваа партија настапи на изборите – „Обнова“, сепак, се реализира, но во самата опозициска партија. „На овие избори се судрија два концептa. Eдниот на коалицијата „Можеме“, концепт кој победи и кој нуди прогрес и иднина за државата и граѓаните и концептот „Обнова“, кој за волја на вистината се реализира, но внатре во ВМРО-ДПМНЕ и тоа е добро за државата, добро за партијата и нека истрае до крај“ порача Костадинов.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4. Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати…