Author: Нова ТВ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) не утврдува кривична одговорност, меѓутоа од етички аспект го покренува прашањето од високо ниво и ќе препорача доуредување на прописите, особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка, Министерството за финансии и останатите регулаторни тела со додавање на уредби со кои ќе се регулира судирот на интереси, ќе се предвиди како тој да се спречи, пред сè оној момент каде што се кажува дека одредени носители на функција имаат можност да располагаат со информации и истите да ги искористат за себе или да обезбеди корист за некој друг. Ова денеска го соопшти Билјана Ивановска,…

Read More

Досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски, верува дека најдоцна до утре ќе биде поднесен предлогот за влада и најдоцна до наредната недела Македонија ќе добие функционална извршна власт. Во однос на изборот на собраниските комисии и тела, тој додаде оти очекува веќе на следната собраниска седница тие работи да бидат завршени. „Може да кажеме дека во септември ќе имаме целосно функционален систем и од извршна и од законодавна власт и таму ќе се соочуваме со предизвикот за онлајн работење, онлајн одлучување, дигитализација и слично. Во Собранието веќе работат на платформа на која…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика родителите да ги испратат своите деца на училиште во септември, објаснувајќи дека тоа ќе биде клучниот чекор во закрепнување на земјата и нејзината економија од ефектите од пандемијата со Ковид-19. „Ризикот за заразување на децата со Ковид-19 во училиште е многу мал и многу е штетно за нивниот развој и здравје да не одат на настава“, рече Џонсон. Затоа, додаде тој, клучно е децата да се вратат во училниците за да учат и да бидат со другарите, пренесуваат британските медиуми. „Ништо нема да има поголем ефект врз животните шанси на нашите деца, отколку да…

Read More

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој завчера беше пренесен во болница во Германија, ќе преживее, откако беше отруен, изјави Јака Бизиљ, активист и основач на Фондацијата „Кино за мир“. „Ќе го преживее нападот со труење, но со месеци нема да биде способен за политичка работа“ изјави Бизлиј за „Билд“. Навални од болницата во сибирскиот град Омск во сабота беше префрлен во Германија, откако лекарите утврдиле дека се наоѓа во доволно стабилна состојба да патува. Рускиот опозиционер и блогер во моментот е во индуцирана кома и сместен е во единица за интензивна нега во болница „Чарите“ во Берлин.

Read More

Австрија за првпат донесе одлука да прогласи руски дипломат за „персона нон грата“ и од него побара да ја напушти земјата до 1 септември, како врв во шпионската афера што австриските експерти ја сметаат за многу тешка. Рускиот дипломат е осомничен дека со години се занимавал со економска шпионажа, првенствено со хај-тек компании. Аферата е откриена откако на еден Австриев, негова врска, соработката му станала претешка и случајот го пријавил кај својот шеф. За време на судењето, Русинот се повика на дипломатски имунитет и одби да даде изјава.

Read More

Експлозија на гасовод кај Дамаск доведе до прекин на електричната енергија во Сирија, а први показатели, според министерот за нафта, Али Ганем, се дека станува збор за терористички напад. Телевизискиот канал „Икбари“ прикажа снимки од голем пожар по експлозијата меѓу сириските градови Думеир и Адра, северозападно од главниот град Дамаск. Сириската државна новинска агенција САНА подоцна го цитираше министерот Ганем дека делови од земјата постепено добиваат електрична енергија.

Read More

Претседателскиот кандидат на Демократите, Џо Бајден, изјави дека во случај да победи на изборите во САД во ноември, ќе ги зголеми даноците за оние што заработуваат над 400.000 американски долари годишно, а за тие со помала плата нема да има нови даноци.  „Ќе ги зголемам даноците за оние што заработуваат 400 илјади долари. Зошто? – Затоа што дојде време тие да почнат да го плаќаат својот удел од економските обврски што го имаат. Никого не казнувам. Богатите треба да го внесуваат својот праведен удел, корпорациите треба да го внесуваат својот удел“, порача Бајден синоќа во интервју за „Еј-Би-Си“.   Ова…

Read More

Отворивме перспективи за секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство и веднаш по добивањето на лиценца да добие можност за работа со пациенти. Поголем дел од младите лекари кои добија лиценца за работа во јули оваа година, покажаа интерес да бидат дел од тимовите во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19, а почнуваме и процес за обезбедување на финансии за нивно трајно вработување, соопшти Министерството за здравство. Согласно измената на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, како што се посочува, секој дипломиран доктор на медицина, кој се стекнал со…

Read More

Податоците на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) покажуваат дека мобилните телефони и телевизорите се најчеста причина за поплаки на оштетени клиенти во категоријата технички производи, а машините за перење, фрижидерите и инвертерите меѓу белата техника. Како најзастапен производ во домот, на што се пожалиле граѓаните, во текот на минатата година, а за кој се поднесени најголем број поплаки е издвоен и мебелот

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче посочи на еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа и ги повика надлежните да реагираат и соодветно да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат утврдените протоколи во борбата против коронавирусот. Не можам да го премолчам еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола. Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имав неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50% публика од…

Read More