Author: Нова ТВ
Македонските државјани од денеска ќе можат да влезат во Србија само со приложен ПСР тест не постар од 48 часа, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „По предлог на Институтот за здравје, српската Влада донесе одлука со која за граѓаните на Северна Македонија, на Хрватска, на Романија и на Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во земјата. Одлуката за државјаните на овие четири земји ќе почне да важи од денеска, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест“, се наведува во соопштението на МВР.…
Малолетник од скопското село Мојанци е приведен поради потпалување на нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Приведениот го признал делото, а полицијата го открила откако на социјалните мрежи споделил видео и фотографии како го предизвикува пожарот. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје ќе поднесе писмено известување за 17 годишно момче од село Мојанци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. „На 4 август 2020 година на социјалната мрежа „Тик-Ток“ тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и…
Денеска е последен за користење на домашните платежни картички за „Купувај домашно“. Од 16 август, како што информираат од банките, средствата не може да се користат и неискористеното се должни да го вратат во државниот буџет. Платежните картички се распределија на преку 324.000 корисници во четири категории – социјално загрозени, вработени со низок доход, младите лица и здравствените работници ангажирани за справување со пандемијата. Вкупната вредност на мерката за Владата изнесуваше околу 28 милиони евра. „Останаа неподигнати неколку проценти, не се знае од кои причини. Инаку, според законот, во периодот по 15 август неискористените средства банките се должни да ги…
Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од македонското еколошкото друштво МЕД велат дека особено е интересно присуството на сабјарки, бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати
Коалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на денешната прес-конференција соопшти дека нивни претставници немале ниту една официјална средба на тема за формирање на парламентарно мнозинство и влада и дека нема да преговараат се додека ДУИ не го исцрпи правото да биде дел од идната власт или да стане опозиција. За нив ДУИ е легален, но нелегитимен победник на изборите кај партиите на Албанците. „Иако ние сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, сепак нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполни предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури,…
Учебната година да почне онлајн со два исклучока – првиот е за учениците од прво до трето одделение кои би следеле настава со физичко присуство, земајќи го предвид социоемоционалниот аспект и нивната возраст, а вториот исклучок се однесува за училиштата со мал број на ученици по паралелки да организираат настава со присуство во училниците во зависност од епидемиолошката состојба. Ова е конечен предлог на Комисијата за заразни болести за моделот на настава за претстојната учебна година и испратен е на разгледување и одлучување до владата. Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска претпладнево за МИА изјави дека Координативниот кризен штаб…
Лидерот на СДСМ вчера попладне имаше нова средба со Али Ахмети кој, пак, повтори дека двете страни колку се блиску, толку се и далеку во процесот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини за кршење на Уставот, злоупотреба на позицијата Претседател на држава и најави замрзнување на односите, како и преиспитување на политиките кон институцијата
Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила во сопственост на електродистрибутивната компанија „ЕВН Македонија“. „Околу полноќ голем број граѓани пријавија дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.
Во изминатите денови во Албанија бројот на новозаразени со Ковид-19 е во постојан раст, но се прават и повеќе тестови споредено со претходно. Во изминатите дванаесет дена регистрирани се 1.714 новозаразени, што значи дека во просек дневно имало по 132 новозразени. Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 636, додека 52 пациенти починале. -Освен стапката на раст на новозаразени имаме и тренд на зголемување на бројот на третирања, кој сега надминува 600. Инциденцата на заболувањето Ковид-19 изнесува 215 на 100.000 жители. На ниво на окрузи највисока индиценца има во Тирана, потоа во Драч и Скадар, додека со најниска…
Полицијата во Минск ги затвори приодите кон централниот Плоштад на независност, каде се наоѓаат владината зграда и зградата на Централната изборна комисија, јави ТАСС. Полициските единици се распоредени и околу зградата на претседателската администрација. Таму се паркирани над 10 автобуси со припадници на полициските интервентни единици, а доставена е и специјална опрема, што се користи за растурање демонстрациите. Во меѓувреме, бројот на демонстранти расте. Според проценките на ТАСС, во центарот на Минск засега има неколку илјади луѓе. Од соопштувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија во неделата, секојдневно во Минск и други градови се одржуваат протести, каде демонстрантите ги…
Владина делегација составена од Националниот координатор за воени и полициски ветерани, генерал Стојанче Ангелов и Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, по повод одбележувањето на 19 годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, положи цвеќе пред споменикот на Бранителите во Скопје, оддавајќи почит на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година.
Охридскиот договор немаше за цел да инаугурира победници и да прогласи поразени. Тој е основата за градење соживот за сите граѓани на Република Северна Македонија. По две децении не смееме да имаме делби и скепса. Да останеме посветени на економскиот напредок и на благосостојбата на сите наши граѓани и сложно да се соочиме со сите предизвици. Токму пандемијата со КОВИД-19 е сериозен тест за нашата функционалност, организираност, но и солидарност и заедништво. Премногу жртви дадовме, предолг пат изминавме, премногу време изгубивме, враќање назад нема, одиме напред сплотени и обединети. Ова се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на државата…