Author: Нова ТВ
Од Министерството за здравство (МЗ) вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките. Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита
Министерката за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру информира дека на аеродромот било организирано доброволно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два неодамнешни авионски летови од Северна Македонија и од Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветар. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне 32 степена. Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно…
Протестите во Либан поради големата експлозија во Бејрут продолжуваат, иако попладнево Владата предводена од Хасан Диаб поднесе оставка. Во протестите во Либан кои почнаа неколку дена по експлозијата стотици лица се уапсени, повредени, а еден полицаец е убиен. Демонстрантите продолжуваат со протетсите иако нивното главно барање беше Владата да понесе одговорност за експлозијата во која загинаа најмалку 160 лица. Тоа и се случи попладнево, кога министерот за здравство Хамад Хасан соопшти дека владата е во оставка. – Целата Влада поднесе оставка, соопшти Хасан. Истражен судија денеска почна да ги испитува директорите на безбедносните агенции на Либан за разорната експлозија. Во…
Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска, по средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев во Собранието истакна дека разговарале околу платформите за да ги доближат ставовивте, нагласувајќи дека ќе зависи од волјата на двете страни за да се постигне позитивен епилог во полза на државата. – Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам. Ние инвестираме во прашањето за Албанците, во добра насока сме и готови сме ова да ги направиме за државата затоа што придобивка ќе има стабилноста на државата, приближувањето на заедниците, сакаме и сме подготвени ова да…
Нови 109 нови случаи на ковид-19 регистрирани се во последните 24 часа и тоа на направени 762 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1. Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот…
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја оценува како притисок врз него поканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за заедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блок на 13 август. „Да, ова го гледам како притисок врз мене, СДСМ и коалицијата „Можеме“ за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев за ТВ21. На прашањето дали сребата на лидерите на партиите на Албанците, може да влијае врз формирање на новото парламентарно мнозинство, Заев вели дека сè уште е рано да се даде каков било одговор на тоа. Средбата што ја иницира Ахмети треба да се одржи в четврток, по…
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ положи венец на споменикот на загинатите бранители, во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски бачила. На споменикот на загинатите бранители, венци положиле и членови на нивните семејства и делегација од кабинетот на Претседателот на државата, соопштија денеска од Министерството за одбрана. На денешен ден, пред 19 години кај месноста Љуботенски бачила загинаа Томе Бадаревски, Бранко Јанев, Марјанчо Бошковски, Раде Јанковски, Гоце Чанкуловски, Томислав Настевски, Ивица Златевски и Томе Димоски.
Тој денеска беше на контролен преглед на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по зафатот што го имаше на 23 мај, и истакна дека одлично се чувствува
Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц објави дека раководството на Социјалдемократската партија (СДП) го предложило за кандидат за канцелар на изборите што треба да се одржат во 2021 година. „Сега е одлучено. Се радувам на забавна, фер и успешна изборна кампања“, напиша Шолц на Твитер. Актуелната германска канцеларка Ангела Меркел, чиј четврти мандат истекува догодина, претходно изјави дека нема да се кандидира повторно.
Цените на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло остануваат исти, а од полноќ за 1,611 отсто ќе биде зголемена цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 денари за литар и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 денари и од полноќ ќе изнесува 26,121 денари…
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска на свечаност на Научниот и технолошки совет изјави дека е постигнат голем напредок во развојот на вакцина против Ковид-19 и за лекови за вирусот. Тој додаде дека резултатите се плод на соработка со приватниот сектор и со универзитетите. „Турција стана трета земја во светот, по САД и Кина, која почна да развива вакцина. Тоа се податоци на Светска здравствена организација“, посочи Ердоган. Тој истакна дека во моментот се работи на развој на осум различни видови вакцина и десет медицински проекти. Ердоган потенцира дека е завршено тестирањето на два вида вакцина врз животни, а…