Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска на свечаност на Научниот и технолошки совет изјави дека е постигнат голем напредок во развојот на вакцина против Ковид-19 и за лекови за вирусот. Тој додаде дека резултатите се плод на соработка со приватниот сектор и со универзитетите.

„Турција стана трета земја во светот, по САД и Кина, која почна да развива вакцина. Тоа се податоци на Светска здравствена организација“, посочи Ердоган.

Тој истакна дека во моментот се работи на развој на осум различни видови вакцина и десет медицински проекти. Ердоган потенцира дека е завршено тестирањето на два вида вакцина врз животни, а за една од нив е одобрено тестирање на луѓе.