Published: Monday, August 10, 2020 13:47
Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц објави дека раководството на Социјалдемократската партија (СДП) го предложило за кандидат за канцелар на изборите што треба да се одржат во 2021 година.
„Сега е одлучено. Се радувам на забавна, фер и успешна изборна кампања“, напиша Шолц на Твитер.
Актуелната германска канцеларка Ангела Меркел, чиј четврти мандат истекува догодина, претходно изјави дека нема да се кандидира повторно.




