Author: Нова ТВ

Во изминатото деноноќие се направени 1.188 тестирања кои покажале позитивни резултати кај 32 лица во Скопје, по девет во Куманово и во Штип, по седум во Гостивар и во Кичево, шест во Кавадарци, четири во Битола, три во Дебар, две во Велес и по едно лице во Прилеп, во Тетово, во Струмица, во Кочани, во Демир Хисар и во Виница

Read More

Жителите на Руанда кои го прекршуваат полицискиот час или не носат маски се испраќаат на стадиони каде добиваат ноќни лекции за опасностите од коронавирусот. Државата воведе остри мерки за контрола на пандемијата

Read More

По предвремените парламентарни избори на 15 јуни, новиот собраниски состав се конституира на 4 август и почна да тече 10 дневниот рок за формирање на парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање на Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата за чиј избор треба да гласаат мнозинството на пратеници

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрира 423 прекршувања на мерката за носење на заштитна маска. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата во насока на справување со Ковид-19.

Read More

Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Водичот содржи стручни препораки и насоки за следење на одложени имунолошки посредувани компликации, невропсихолошки последици и евентуално одложен развој на невродегенеративни заболувања кај заболените со Ковид-19. Има и посебни поглавја во однос на невролошките заболувања и Ковид-19, како и генерални препораки за имуносупресивна/имуномодулаторна терапија кај пациенти со невролошки заболувања, како што се пациенти со мултиплекс склероза, миастенија гравис, невромускулни заболувања и неинфламаторни заболувања на централниот нервен систем. Препораките се направени врз основа на досегашните искуства и известувања од повеќе медицински центри,…

Read More

Во јапонскиот град Нагасаки се одбележува 75 годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна. Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од тој трагичен настан апелираа до светските лидери за поголеми заложби за забрани на нуклеарното оружје ширум светот. Точно во 11.02 часот по локално време, момент кога американскиот бомбардер „Б-29“ ја исфрли атомска бомба врз Нагасаки пред 75 години, преживеаните и бројни гости им оддадоа почит на сите жртви со минута молчење. Бомбардирањето на Нагасаки на 9 август однесе 70.000 човечки животи, а само три дена пред тоа, првата атомска бомба беше фрлена и на Хирошима при што загинаа…

Read More

Со вчерашните 200 нови пациенти, Македонија во моментот има 3.609 активни случаи на Ковид-19 од кои 372 позитивни и суспектни лица на вирусот се хоспитализирани. Вкупниот биланс, пак, во државата од почетокот на пандемијата е 11.754 заболени граѓани, 7.622 се оздравени и, за жал, регистрирани се 523 смртни случаи

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. Од Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата. Тоа особено важи за возење низ клисурите каде има можност за појава на одрони и тоа на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На граничните премини од македонска страна, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Read More

Во Белорусија денеска се одржуваат шестите претседателски избори по осамостојувањето на земјата од поранешниот СССР. Актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој е на чело на државата од 1994 година, и по шести пат се кандидираше за функцијата, но за разлика од претходните избори, овојпат се соочува со, се чини, најсериозниот предизвик досега. Неговите ривали во претседателската трка се копретседателот на движењето „Кажи ја вистината“, 39 годишниот Андреј Дмитриев, поранешниот член на Долниот дом на белорускиот парламент, 43 годишната Ана Канопатскаја, 37 годишната домаќинка Светлана Тихановскаја и претседателот на белоруската партија „Социјалдемократска заедница“, Сергеј Черечен. Во предизборието во земјата се одржаа серија…

Read More

Во изјава за ТВ „Алсат“, министерот најави дека ќе бидат вакцинирани сите лица постари од 65 години, а ќе има вакцини и за здравствените работници, како и за трудниците и изрази надеж дека процесот ќе има добар одѕив

Read More

Се санираат состојбите во рудниците во РЕК Битола по елементарната непогода и поплавите кои се случија на откопните полиња за јаглен предизвикани од обилните врнежи во изминатиот месец, а особено во последната недела. Како што соопшти ЕСМ, исклучливо со сопствени средства и ресурси, неколку багери се вратени во функција, се испумпува водата и калта од откопните полиња, се вложуваат напори за брза набавка на неопходните дополнителни технички ресурси. Доколку е потребно, ќе пристигне и помош од соседна Србија, каде компанијата сродна на ЕСМ има искуство со неодамнешни поплави на производствените капацитети. „Предизвиканите штети на системот за ископ и транспорт на…

Read More

Според генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, на јавната постапка на ЕВН Хоум била понудена цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра на државната компанија. Се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, додаде тој

Read More