Author: Нова ТВ

Амбасадата на САД во Северна Македонија ја поздрави пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски. „Пресудата на Велешкиот суд, со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, е позитивен чекор во барањето на одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на независноста на судството“, пишува во твитот на Амбасадата на САД. Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панечвски, кој беше обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вчера во Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и…

Read More

Српската писателка Исидора Бјелица, почина денеска на 52 годишна возраст по долга и тешка битка со карциномот. Бјелица починала во станот на нејзините родители, во Нов Белград, потврдила за српските медиуми нејзината сестра. Само пред еден месец, таа проговори за борбата со карциномот која ја водеше со години. „Не сакав да ве заморувам, мислев дека можам сама. Но, ова се така страшни физички и психички маки, што ќе ве замолам да го молите драгиот Исус да ми прости и да заврши оваа агонија. Се што беше во моја моќ се обидов, но за што? За ништо. Сигурно за само што…

Read More

Подготвени сме да разговараме не само со БЕСА, туку со сите политички партии од коалицијата предводена од СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во однос на напорите за обезбедување на мнозинство во Собранието. Поскапувањето на струјата во време на пандемија го нарече сериозен удар врз стандардот на државата и џебот на граѓаните и таквиот чекор, според него, бил планиран пред изборите и претставува класична измама на власта

Read More

Во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања кои покажале позитивни резултати кај 23 лица во Скопје, 11 во Струга, 10 во Штип, по осум во Куманово и во Охрид, по четири во Македонски Брод и во Гостивар, по три во Прилеп и во Битола, по две во Дебар, во Тетово, во Велес, во Виница, во Свети Николе и во Кичево и по едно лице во Кавадарци и во Струмица

Read More

Ова е епилог од вчерашната средба во Клубот на пратениците меѓу лидерите на двете партии – Зоран Заев и Мендух Тачи. На средбата присуствувале и Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски од СДСМ и Азем Садики од ДПА, кој е градоначалник на Студеничани

Read More

На мисија во Либан во моментот се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут. Тие се дел од мисијата УНИФИЛ на Обединетите нации. Од МО изразуваат сочувство за жртвите од вчерашната разорна експлозија во Бејрут

Read More

Мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19, бидејќи придобивките го надминуваат ризикот од зараза. СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење. Многубројните предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19, посочуваат од Комитетот за доење согласно препораките на СЗО и УНИЦЕФ. „Досегашните научни истражувања покажуваат дека новиот коронавирус COVID-19 не се пренесува преку мајчиното млеко. За време на доењето и контактот со бебето треба да применуваат респираторна хигиена, доколку…

Read More

Момче од Скопје ги снима своите пиромански страсти и видеото на кое се гледа како со запалка потпалува нискостеблеста шума го сподели во јавност преку апликацијата ТикТок што е особено популарна меѓу помладата генерација. https://www.youtube.com/watch?v=sxqfpsFwloI Неговото „херојско“ дело предизвика лавина реакции и коментари, секако негативни, на социјалните мрежи со апел до институциите да го истражат случајот и пронајдат и санкционираат сторителот. Полицијата би можела лесно да го идентификува, ако се има предвид дека јасно се гледа на неговиот профил на ТикТок. Пожарите се честа појава во Македонија, особено во летните месеци поради високите температурите, а надлежните постојано упатуваат на претпазливост…

Read More

Хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот музичар Рајко Дујмиќ, за хрватските медиуми изјави дека семејството Дујмиќ одлучило да ги дарува неговите органи. „Тешко ми беше сите овие денови. Рајко имаше добро срце и мека душа. Бевме пријатели 35 години и никогаш не сме се скарале. Тој беше апсолутен позитивец, но повремено се самоуништуваше и тоа беше негова единствена маана“, изјави Нинчевиќ. Рајко Дујмиќ, долгогодишен предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, почина вчера, како последица од сообраќајната несреќа во областа Равна Гора во централна Србија. Погребот се планира за наредната недела во Загреб.

Read More

Граѓаните кои скенираат фискални сметки од почетокот на месецот ќе ги добијат средствата од повратот на ДДВ за второто тримесечје од оваа година. Според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), заклучно со 30 јуни се скенирани вкупно 41.650.814 милион фискални сметки, направен е промет од 21.414.380.426 милијарди денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 милиони денари односно 5.440.000 милиони евра. За второто тримесечје, граѓаните ќе добијат поврат на 15 отсто од прикажаниот промет во фискалната сметка. Во тековниот, трет квартал, според измените што ги направи Владата, ќе се врши поврат на 20 отсто од ДДВ за домашни производи и услуги…

Read More

Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), поинтензивни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде од 15 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје ќе биде претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со грмежи и засилен ветар. Минималната температура ќе биде околу 20. степен, а максималната ќе достигне 28 степени. И…

Read More

Претседателот на Либан, Мишел Аун рече дека причина за експлозијата биле 2.750 тони амониум нитрат што шест години се наоѓале во складиште, меѓутоа не биле испочитувани мерките за безбедност при чување на високо експлозивната супстанца

Read More