Author: Нова ТВ
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека можеби никогаш нема да има сигурен лек за Ковид-19, иако сите се надеваат на спасоносна вакцина против вирусот со кој се заразија десетици милиони луѓе. „Моментно немаме конечно решение за вирусот и можеби никогаш нема ниту да има“, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Гебрејесус и директорот на СЗО за итни програми, Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење на маски, одржување на физичка дистанца, миење на раце и тестирање. „Пораката до луѓето и владите е јасна: Направете сè“, рече Гебрејесус на…
Пишува: Енис Хилми Објавено на publicitet.mk Имаше еден Охрид, чист, пречист. Каде, видиш, трендафилите мирисаа малце подруго, каде еден народ одеше со поисправена глава, каде едни фабрики деноноќно работеа, каде едни цркви и џамии беа мистични и скриени во шуми и тишина, чувани и очувани од некој што знаеше како се штитат споменици на културата. Имаше едни брда што се пошумуваа и едни борови носени дури од Ерусалим, имаше една библиотека со поглед кон езерото, еден народ што чита книги, едно езеро мирно и спокојно, зошто беше будно чувано од една институција на крајот од каналот. Имаше еден фестивал што…
Меѓу пратениците и неколку нови, но и познати лица на овие простори. Пратеник преку СНС за првпат стана виолинистот Јован Колунџија, до мандат преку СПС стигна и Јелица Сретеновиќ која луѓето ја паметат по улогата на Кока од популарната ТВ серија „Подобар живот“, како и Јошко Броз, внук на Јосип Броз Тито
Во последните 24 часа се направени 689 тестирања со позитивни резултати кај 22 лица во Гостивар, 14 во Скопје, 13 во Штип, осум во Куманово, четири во Виница, по три во Кавадарци, во Свети Николе и во Берово, две во Кичево и по едно лице во Струга и во Кочани
Три големи крстосници во центарот на Софија денеска се блокирани со шаторски кампови на 26. ден од антивладините протести на кои се бараат оставка од Владата на премиерот Бојко Борисов и на државниот обвинител Иван Гешев. Протестите се одвиваат во мирна атмосфера и без тензии меѓу полицијата и демонстрантите. Сè уште е блокиран и пристапот на автопатот кон Тракија, на излез од Стара Загора, јужна Бугарија, каде, исто така, е поставен шаторски камп. Полицијата апелира до демонстрантите да го почитуваат јавниот ред и да не наседнуваат на провокации.
Мал едномоторен авион утрово околу 9 часот падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес, но нема жртви во инцидентот, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, повреден е само пилотот на леталото, а причините за несреќата засега се непознати.
Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, регистрира 359 случаи на неносење на заштитна маска, една од трите основни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Се чувствувам добро и мислам дека ќе можам да претседавам со утрешната конститутивна седница“, изјави собранискиот претседател во заминување
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничните премини од македонска страна, како што посочуваат, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветар, од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 11 до 22 степена, а дневните од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 35 степени.
Поранешен британски министер и пратеник на владејачката Конзервативна партија е уапсен по обвинувањата од неговата поранешна соработничка во Парламентот за силување и сексуален напад додека биле во врска. Идентитетот на уапсениот пратеник не е објавен. Жртвата тврди дека тој ја нападнал и ја принудил на сексуални односи, поради што таа била толку истрауматизирана што завршила во болница. Лондонската полиција потврди дека покренала истрага за четири инциденти, што наводно се случиле во периодот од јуни во 2019 година до јануари оваа година на различни локации во градот. Полицијата додаде дека 50 годишниот маж што бил уапсен е ослободен со кауција. Владејачката…
Досега се обезбедени 61 единица ковалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил. Крвна плазма, порача тој, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус. „Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сè уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски“, напиша Филипче. Тој објави и линк за тоа кој и како може да дарува ковалесцентна плазма.