Author: Нова ТВ
Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 262.929 случаи на Ковид-19. Бројот на смртни случаи се зголеми за 5.851, па сега има вкупно 680.894 лица кои починале како последица на коронавирусот, а бројот на заразени се искачи на 17.660.523 милиони луѓе. Статистиката на СЗО е заснована на официјално потврдени податоци од земјите. Најголем број на инфицирани лица или 9.476.763 милиони се регистрирани во Јужна и во Северна Америка. Бројот на заразени лица за едно деноноќие во тој дел од светот се зголемил за 156.433, а бројот на починати порасна за 3.963, па вкупниот број…
Честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година, стои во синоќешното соопштение на поранешен потпретседател на САД и претседателски кандидат на Демократите на претстојните избори во САД
Одбележувањето на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, Илинден годинава мина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без традиционалните културно-уметнички програми и масовни народни собири. Од државниот врв, како и од политичките партии, пораки за реафирмација на вредностите на Илинден во 1903 година и од АСНОМ во 1944 година
На дневниот ред има четири точки – избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието; верификација на мандатите на пратениците; избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици во собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието. Талат Џафери денеска заминува од Клиника, и можно е утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието
Во изминатото деноноќие се направени 1.419 тестирања со позитивни резултати кај 47 лица во Скопје, 23 во Штип, 17 во Куманово, 15 во Гостивар, по 12 во Тетово и во Кичево, 10 во Македонски Брод, девет во Кавадарци, седум во Струга, три во Охрид, по две во Виница, во Свети Николе и во Неготино и по едно лице во Дебар, во Битола, во Гевгелија, во Струмица и во Демир Хисар
Од минатиот 2 август до овој, мина само една година, меѓутоа, верувам дека го делите моето мислење дека тоа е година што ќе ја запомниме по еден од најзначајните датуми за нашата земја. На 11 февруари оваа година, Собранието го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во воено-политичкиот сојуз на НАТО, една од стратешките цели што беа поставени уште во 1993 година, рече потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски во обраќањето од Мечкин Камен во Крушево каде ја предводеше собраниската делегација, во отсуство на спикерот Талат Џафери, по повод одбележувањето на Денот на Републиката – 2 август. Обезбедивме, нагласи тој,…
Нашата битка е да обезбедиме достоинствен живот за секој наш граѓанин во својата татковина, а не надвор од неа. За тоа да го постигнеме мора да има правда и слобода за секого, само тогаш ќе можеме да кажеме дека сме достојни наследници на делото на нашите предци. Нека ни е вечен Илинден, да ни е вечна Републиката“, порача претседателот од Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце
Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020“ e откриено дека пет контролирани субјекти ја имаат злоупотребено употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Северна Македонија (едно вино), Италија (двe вина) и Чиле (двe вина)
Ова е мој трет Илинден да зборувам за она што следи во месеците и годините што се пред нас како претседател на најголемата политичка партија, рече во денешното обраќање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод државниот празник 2 август – Илинден во струшкото село Ташмаруништа. „Ќе започнам со „Ура“ за „Афтономна Македонија“ бидејќи тоа се зборови од Крушевскиот манифест кој е своевидното евангелие на македонското револуционерно дело. Тоа е носечкиот код врз кој почива оваа македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на „Свети Илија“ се празнува овој подвиг. И мене ми е особена чест што и…
Ги честиташе двата настани Денот на Републиката – Илинден и АСНОМ, во коишто, како што рече, е собран континуитетот на создавањето на македонската државност
Денеска е 2 август, Денот на Републиката, и оддаваме почит кон нашето херојско минато, нагласува претседателот на СДСМ, Зоран Заев во честитката до сите граѓани на Македонија по повод големиот државен празник. Нашите славни претци од Илинденското востание и од Заседанието на АСНОМ, подвлекува Заев, ги поведоа граѓание кон слобода, кон независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет. „Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го…
Илјадници демонстранти и синоќа се собраа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху барајќи негова оставка. Синоќешните демонстрации во Ерусалим, на кои според светските агенции, се собрале десетици илјади луѓе, со неколку мали протести во Тел Авив како и во близина на куќата на Нетанјаху на брегот во Цезареја и десетина други, се најголеми во последните неколку недели. Илјадници Израелци летово излегоа на улиците за да побараат оставка од премиерот, протестирајќи поради начинот на кој ја води земјата за време на пандемијата на коронавирус, велејќи дека не треба да остане на власт додека му се суди за корупција. Иако Нетанјаху се обиде да ги минимизира протестите, велејќи дека демонстрантите се „левичари“ и „анархисти“, тие не се намалуваат…