Author: Нова ТВ
Притоа тој им се заблагодари на рецензентите зашто иако работеле под притисок одлично ја завршиле работа и зашто листата на филмови е одлична и даваат шанса, како што рече, да веруваме во продолжување на новиот македонски филмски бран, да има награди на фестивали и промовирање на македонската кинематографија
Во Полска во изминатите 24 часа потврдени се 458 новозабоелни лица со Ковид-19, што е најголем дневен пораст за повеќе од еден месец, соопшти Министерството за здравство. Растот на инфицирани лица со новиот коронавирус е предизвикан од најголемото жариште во Полска односно трите рудници за јаглен во регионот Горна Шлезија. Околу 40 проценти од новозаразените се од Горна Шлезија. Рударите се 16 отсто од сите досега регистрирани случаи на Ковид-19 во Полска, но според Министерството за здравство, 97 проценти од нив немале симптоми.
Русија од 1 август продолжува со некои меѓународни летови, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова, но списокот на дестинации ќе биде ограничен на Танзанија, Турција и Велика Британија. Меѓународните летови беа приземјени на 30 март, по воведувањето на карантин заради поефикасна борба против ширењето на коронавирусот, од кој досега во земјата се заразија 800.000 лица. Голикова кажа дека, со оглед на намалувањето на бројот на заразени, Русија продолжува со летови од аеродромите во Москва, Санкт Петербург и Ростов на Дон. Од 1 август продолжуваат летовите за Лондон во Велика Британија, турските градови Истанбул и Анкара и островот Занзибар, во Танзанија. -Од…
Првата молитва во Света Софија, во Истанбул, што се одржа во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, предизвика реакции во Грција, како од власта и опозицијата, така и од медиумите, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата видео порака до граѓаните по повод 46-годишнината од враќањето на демократија во Грција, се осврна и на односите со Турција, коментирајќи дека со постапки како што е претворањето на Света Софија во џамија „ја навредува културата а 21-от век“. -Сето она што денеска се случува во Истанбул, не е манифестирање моќ, туку доказ на слабост. Јасно е…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) остро ги осудуваат нападот врз новинарот и уредник на „Лидер“, Љупчо Златев што се случил синоќа во еден скопски локал, како и онлајн заканите по безбедноста на новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс. „Од Министерството за внатрешни работи бараме итно да ги истражи мотивите за нападот врз Златев како и лицата кои биле вклучени во инцидентот. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство само преку брза постапка ќе покажат дека постои волја за расчистување на случаи во кои има напади врз новинари. Со тоа ќе…
Во последните 24 часа, како што објави министерот за здравство на Фејсбук профилот во услови на хакиран сајт на ресорното министерство, се направени 1.535 тестирања со позитивни резулати кај 45 лица во Скопје, 25 во Штип, по девет во Тетово и во Гостивар, седум во Куманово, по шест во Битола и во Кичево, пет во Струга, четири во Прилеп, по три во Охрид, во Кочани и во Свети Николе и по едно лице во Дебар, во Кавадарци, во Демир Хисар и во Делчево
Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е хоспитализиран на Инфективната клиника. Од ДУИ за „360 степени“ потврдиле дека Џафери е примен во болница на системска контрола и оти на тестирањето за Ковид-19 бил негативен. Џафери, кој според Уставот, треба да ја свика конститутивната седница на новиот собраниски состав најдоцна до 4 август, неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред нејзиното одржување и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници. Ако Џафери не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.…
Наградата и припадна во категорија напис или серија написи за сторијата “Починати бегалци и мигранти во „дупката“ на институционалната негрижа“, објавена на веб порталот НОВАТВ на 19 декември 2019 година
Првото и најверојатно е коалиција меѓу СДСМ/Беса и ДУИ, второто се однесува на коалиција меѓу СДСМ/Беса со Алијанса на Албанците и Алтернатива плус Левица и третото и најмалку веројатно е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица и ДПА, е вели во анализата на турската новинска агенција
Во Судот во Велес денеска почна судењето на поранешниот претседател Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Неговите адвокати побараа од судечкиот совет да му се укине притворот, бидејќи според нив, судијата Панчевски има имунитет. Судечкиот совет, со кој претседава судијката Валентина Ѓеоргиева, даде пауза со цел да се провери дали му е одземен имунитетот на судијата Панчевски кој треба да одговара за злоупотреби на АКМИС системот. На последното рочиште на 10 јули, откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот…
Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава регистрира 359 прекршоци на мерката за носење на заштитна маска. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Министерството за здравство (МЗ) информира дека е хакирана и, во моментот, не функционира интернет страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата. Во тек е истрага што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот, соопштија од МЗ. Цел на хакерски напад во текот на вчерашниот ден беше и интернет страницата на Министерството за образование и наука (МОН), а минатата недела, на денот на изборите, и интернет-страниците на Државната Изборна Комисија (ДИК), на Министерството за внатрешни работи (МВР), агрегаторот на вести time.mk и уште на неколку портали.