Author: Нова ТВ
По 86 години, во Света Софија овој петок првпат ќе се одржи молитва. Тоа што некогашната христијанска црква, од музеј повторно станува џамија, го критикуваат многумина и во Турција
Според податоците на Народна банка, до март биле блокирани повеќе од 106.000 сметки, од кои 26.000 на компании, а 80.000 на граѓани
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 23 степени, а дневната од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе спушти до 19 степени, а дневната ќе достигне 36 степени.…
Инвеститорот фантом за Општина Чаир кој го гради објектот пред ТЦ „Мавровка“ доби рок од осум дена за враќање на локацијата во првобитна состојба. Во спротивно, чаирскиот градоначалник Висар Ганиу најави дека ќе распише тендер за избор на компанија за уривање на дивоградбата која во меѓувреме доби на катност
Бугарскиот претседател Румен Радев вечерва се придружи на демонстрантите на 15. ден од антивладините протести во Софија и другите градови низ земјата, соопшти БГНЕС. „На 15. ден од протестите, благодарение на вас плоштадите се полни со надеж и непомирливост. Илјадници луѓе протестираат на улиците на сите поголеми градови во Бугарија и во Европа. Транспарентите кажуваат многу вистини за кои медиумите молчеа, за кои властите остануваат глуви и одбиваат да ги слушнат. Протестите ги убедија сите Бугари дека не се сами и дека заедничката желба за слобода, за закон и за правда ги обединува сите генерации. Бугарија излезе од хипнозата на…
Вицепремиерот во досегашната Влада во интервју за ТВ Телма порача дека постизборно ДУИ ќе коалицира со секоја партија што ќе го поддржи Охридскиот рамковен договор и Договорите од Преспа и со Бугарија
Европските парламентарци попладнево усвоија Резолуција во која бараат измени во долгорочниот договор за буџет на Европската унија (ЕУ), вклучително и плановите за сопствените ресурси на ЕУ и владеење на правото. Тие нема да се согласат со предложениот долгорочен договор за буџетот на ЕУ, гневни поради намалување на трошењето, јави ДПА. Европскиот Парламент треба да го одобри буџетот на ЕУ од 1,074 милијарди евра, што во вторникот беше усвоен на политичко ниво. Договорот беше постигнат по интензивни четиридневни преговори меѓу лидерите на ЕУ. Но, додека повеќето лидери го поздравија пакетот како „историски“, пратениците од сите седум политички групи во парламентот денеска…
Поголемата изложеност на сонце, зголемената температура, но и подолго време поминато надвор може да предизвика промени на кожата кои можат да имаат сериозни последици. За таа цел Ozone Gold во соработка со дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска организираат бесплатни дерматолошки совети на веб страната www.ozone-gold.com. На едно место, можете да го поставите вашето прашање на кое прим. д-р Весна ќе ви даде дерматолошки совет, или пак можете да ги прочитате и одговорите и на другите прашања, се со цел да дознаете повеќе за третирање и заштита на вашата кожа. „Неумерено, неконтролирано и повторувано изложување на дејство на сончеви…
Министерството за здравство (МЗ) информира дека во изминатото деноноќие се направени 1.312 тестирања со позитивни наоди кај 54 лица во Скопје, 18 во Штип, 16 во Гостивар, шест во Струга, по пет во Куманово и во Тетово, по четири во Дебар и во Кичево, три во Охрид, по две во Свети Николе и во Битола и по едно лице во Прилеп, во Крушево, во Демир Хисар и во Ресен
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го обвини поранешниот градоначалник на Аеродром за пасивност во нападите кон Заев во изминатите три години за што истакна дека „има други работи“ што ги образложи со поседување на стан и деловен простор од 350 метри квадратни во зградата кај Мајчин Дом. Таквите наводи, Коневски ги оквалификува како лаги и манипулации и најави тужба против Стоилковски, а на лидерот Христијан Мицкоски му порача дека ништо нема да го спаси од заминување
Управниот суд ги одби и последните 23 тужби од „Левица“, откако претходно денеска истото го стори и со останатите 78 тужби од ова партија, информираат за МИА од Управен суд. Со оваа одлука, Управниот суд ги потврди одлуките од Државната изборна комисија (ДИК) и ги одби сите 101 поднесена тужба од Левица. Тужбите на „Левица“ што беа поднесени до Управниот суд се разгледуваа на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден. Освен по тужбите од „Левица“, Управниот суд за денеска има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократската унија (СДУ), МОРО – Работничка партија и Демократи, чии…
Албански државјанин, кој пред неколку недели бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје. „Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Северна Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет“, пренесуваат медиумите во Албанија. Албанскиот медиум „Балкан веб“ наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.