Author: Нова ТВ

Повторниот раст на бројот на нови случаи на коронавирус регистриран од страна на некои европски земји во последните неколку недели е предизвикан од промените во мерките за социјално дистанцирање, изјави денеска портпаролката на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сара Тајлер. Според неа, ризикот од повторна појава и ширење на болеста ќе продолжи и треба да биде „одржливо контролиран со ригорозна примена на јавноздраствените мерки, бидејќи вирусот циркулира меѓу и во рамките на земјите“, пренесе Тасс. -Ние им препорачуваме на сите влади да продолжат со тестирања, следење, лекување и изолација, да го следат растот на нови случаи и повторно да…

Read More

Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг. Ахмети на Фејсбук напиша дека е повикан и оти ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК. – Владеењето на правото и постигнувањето вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност. Затоа ве известувам дека Специјалното обвинителство на Косово, ме покани да сведочам како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот. Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг.…

Read More

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Резултатот од тестирањето го добил денеска, и како што пишува, нема никакви симптоми и се чувствува добро. – Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19, тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19, наведува Бектеши. Тој ги повика граѓаните да се придржуват кон протоколите и мерките за заштита…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски планира да одржи консултации со политичките партии, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова Влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија. Шефот на државата во изјава за ТВ 21 вели дека консултациите со партиите ќе бидат одржани по конституирањето на Собранието. Според Уставот, Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите. Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно…

Read More

Шест нови тужби од политички парти се поднесени до Управниот суд по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентраните избори одржани на 15 јули. – Две тужби се поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, две од партијата Демократи, една од политичката партија Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МРО Работничка партија, потврдија за МИА од Управниот суд. Предходно, во текот на денот до Управен суд тужби пристигна и од политичката партија Левица и политичката партија Социјалдемократската унија. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги…

Read More

Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на внатрешната контрола на МВР која утврди незаконско постапување на полициските службеници за попречување на новинарката Билјана Секуловска при вршење на своите професионални обврски, и истите ќе бидат соодветно казнети. Како што соопшти ЗНМ, на 7 јули годинава околу 19.00 часот, новинарката Билјана Секуловска, уредник во онлајн медиумот www.novatv.mk, при обавување на професионалните задачи сликала полициска патрола која вршела контроли за време на полицискиот час. -И покрај тоа што Секуловска се претставила на полицијата и покажала дозвола за непречено движење за време на полициски час, полициските службеници и забраниле да ги снима и…

Read More

Oд Министерството за здравство истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.437 тестирања со позитивни резултати кај 64 лица во Скопје, 19 во Штип, 14 во Струга, по седум во Куманово и во Тетово, шест во Гостивар, пет во Охрид, четири во Кичево, три во Свети Николе, по две во Битола и во Радовиш и по едно лице во Прилеп, во Велес, во Крушево и во Демир Хисар

Read More

Управниот суд одби 40 од вкупно 75 тужби колку пто поднесе коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија (ДИК), информираа за МИА од Управен суд. Одбиена е едната тужба што ја поднесе политичката партија ИНТЕГРА. Истовремено до Управниот суд, е поднесена тужба и од Социјалдемократската унија (СДУ), како и 101 тужба од „Левица“. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК за отфрлање/одбивање на приговорите за предвремените парламентарни избори. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата…

Read More

Демократскиот кандидат Џо Бајден води пред сегашниот американски претседател Доналд Трамп за осум процентни поени кај регистрираните гласачи, а поранешниот потпретседател на САД се чини дека има значителна предност и кај неопределените гласачи, покажа анкета спроведена од „Ипсос“. Според анкетата спроведена од 15 до 21 јули, 45 отсто од гласачите рекле дека би гласале за Бајден на изборите на 3 ноември, додека 38 проценти го поддржуваат Трамп. Другите 16 проценти се неопределени гласачи или оние кои планираат да поддржат трет кандидат, или можеби воопшти нема да гласаат. Анкетата исто така покажува дека 61 отсто од неопределените гласачи или оние кои…

Read More

На почетокот на август ќе почне да се подготвува Градската општа болница „8 септември“ со цел постепено да се враќа и другата патологија што вообичаено се третира во оваа болница за да не се создаваат долги листи на чекање, истакна министерот за здравство Венко Филипче и ја најави подготовката на 16 болници ширум земјата за есенскиот бран во однос на инфраструктурата, медицинската опрема, лабораториите и кадарот. „Подготвен е планот за надградување на капацитетите на болниците за есенските месеци. На почеток на август ќе ги почнеме и тие процеси, а тоа значи дека секоја од 16. болници ќе добие монтажна амбуланта…

Read More

Неопходноста од промени и обединување во ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров ја изрази преку колумна во „Дојче Веле“ додека поранешниот прв човек на УБК се јави со реакција на социјалните мрежи. Пораки во тој контекст вчера испорачаа и Никола Попоски и Даниела Рангелова

Read More

Автомобил во пламен на булеварот „ВМРО“ спроти „Македонска пошта“. Засега нема информации како се запалило возилото и дали има повредени лица. Колку што може да се забележи од видео инсертите на ТВ Телма, нема зафатено други возила на паркингот, иако дел од медиумите пренесоа дека оштетени се уште три возила. https://www.youtube.com/watch?v=eOsBza6yvAM&feature=emb_logo Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат, а на терен биле испратени две возила и осум пожарникари. Пожарот е пријавен во ТППЕ во 13:32 часот.

Read More