Управниот суд одби 40 од вкупно 75 тужби колку пто поднесе коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија (ДИК), информираа за МИА од Управен суд.

Одбиена е едната тужба што ја поднесе политичката партија ИНТЕГРА. Истовремено до Управниот суд, е поднесена тужба и од Социјалдемократската унија (СДУ), како и 101 тужба од „Левица“.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК за отфрлање/одбивање на приговорите за предвремените парламентарни избори.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август