Author: Нова ТВ
Тој, исто така, најави дека во новиот мандат планира да го преполови бројот на локалните власти со укинување на позициите заменици-градоначалници, градоначалници и жупани, пренесува „Н1 Загреб“
Најголем број на приговори, дури 1.982, поднеле од Левица, а Алијансата за Албанците која на изборите настапи во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговори, два достави и ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирање на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори
До ДИК се пристигнати нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. Попладнево пред истекот на рокот над 1980 приговори поднеле од Левица, а порано денеска Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори. Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара. Вечерва во 19 30 завршува 48- часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригoвори за постапката за гласање. СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. Најавени се приговори од други политички…
Нови осум позитивни на Ковид-19 во светниколската конфекција „Мода“, со што вкупниот број на заразени работници изнесува 53. Заболнеите се откриени преку скринигот кој го направи компанијата. Последните резултати од тестирањето се пристигнати утринава, кои покажаа дека на претходните 45 се додаваат уште осум работници позитивни на Ковид-19. Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вели дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели…
Во изминатите 24 часа регистрирани се 241 нови случаи на заразени од коронавирусот од направени 1.700 тестирања, а починати се осум пациенти, соопшти денеска министерот за зравство Венко Филипче на социјалната мрежа Фејсбук. Најголем број од новите случаи се во главниот град Скопје каде 73 лица се позитивни на коронавирусот, па потоа следуваат Штип со 60, Тетово 32, Гостивар 14, Куманово 10, Кочани 8, Гевгелија 6, Свети Николе 5, Прилеп 5… Од починатите пациенти, по двајца се од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравено лице. Досега…
Саша Богадновиќ, градоначалникот на Центар, за Телма попладнево рече дека постојат некои измени во државниот урбанистички план „Мал Ринг“, но тоа што на 22 јули е закажана расправа не знаи дека нема да им биде објаснето на активистите и на здруженијата за што станува збор. Тој вели дека генерално не може да се превземат покрупни измени во планот се додека има правни дејства за парцелите во делот од Скопје во кои се предвидени фамозните Шпански скали, Меморијален центар Маајка Тетеза и други недоградени работи од контроверзниот проект „Скопје 2014“.кои повеќе години стојат во скицата. – Јавната анкета ќе трае 30 дена…
Нова ТВ интегрално го објавува дописот на Јана Белчева Андреевска, советник во Општина Центар, до кој дојде, а адресиран е до градоначалникот на Општината, до Советот на Општината и до општинската Комисија за урбанизам во кој бара повлекување на предложениот ДУП Мал Ринг и негово враќање на доработка и разгледување од септември
Во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, во соработка со Платформата за јавно-приватен дијалог, составена од Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, Николаки Миов изработи Студија „Финансиски и даночни импликации на кризата предизвикана од Ковид-19 вирусот и мерките за негово сузбивање со препораки за државна поддршка“. Со повеќе од 25 години искуство во ревизија, сметководство, даночен консалтинг, изработка на софтверски решенија, ревизија на информатички системи и обука, Николаки Миов е докажан експерт и професионалец ангажиран, како…
„Левица“ во текот на денот поднесе дури 425 приговори до Државната Изборна Комисија (ДИК) на резултатите од предвремените парламентарни избори во средата, а до истек на рокот (вечерва, 19,30 ч.) се најавени и нови од партијата која за првпат ќе учествува во работата на Собранието. Лидерот Димитар Апасиев смета дека, покрај двата потврдени мандати, на „Левица“ и следуваат уште три пратенички места. Од „Левица“ обвинуваат за бројни нерегуларности во процесот на броење и сумирање на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за направени манипулации и фалсификати. Приговорите се однесуваат на голем дел од избирачките места во повеќе изборни…
Пожарот што избувна во готската катедрала во францускиот град Нант е под контрола, соопштија официјални лица. Според нив, направената штета е неспоредлива со минатогодишниот пожар во катедралата Нотр-Дам во Париз. https://www.youtube.com/watch?v=ZUnKiwCm8a8 „Штета е направена на органата што се чини дека е целосно уништена. Платформата е многу нестабилна и може да пропадне“, изјави регионалниот пожарникарски началник Лорен Ферлеј, на брифинг пред катедралата. Катедралата „Свети Петар и Павле“ во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години, до 1891 година. Пожарот што избувна во внатрешноста на објектот, мобилизира над 70 пожарникари…
Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 л./м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата на воздухот, особено на северот, чувствително ќе се намали. Утринската се движеше во интервал од 13 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а…
Печатот на германски јазик опширно се осврнува на тесниот исход на македонските парламентарни избори. Општа констатација е дека формирањето на новата влада ќе биде тешко