Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори 2020: „Левица“ ја „бомбардира“ ДИК со 425 приговори со најава за нови

0
By Нова ТВ on July 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: levica.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 18, 2020 13:03

„Левица“ во текот на денот поднесе дури 425 приговори до Државната Изборна Комисија (ДИК) на резултатите од предвремените парламентарни избори во средата, а до истек на рокот (вечерва, 19,30 ч.) се најавени и нови од партијата која за првпат ќе учествува во работата на Собранието. Лидерот Димитар Апасиев смета дека, покрај двата потврдени мандати, на „Левица“ и следуваат уште три пратенички места.

Од „Левица“ обвинуваат за бројни нерегуларности во процесот на броење и сумирање на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за направени манипулации и фалсификати. Приговорите се однесуваат на голем дел од избирачките места во повеќе изборни единици во кои набљудувачи на партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, „ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК“, се наведува во партиското соопштение.

„Со овие манипулативни активности директно е оштетена политичката партија „Левица“ на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани. Дополнително, ја известуваме јавноста дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денот до завршување на законскиот рок од 48 часа“, гласи соопштението на „Левица“.

ДИК во недела, понеделник и вторник ќе одлучува по приговорите кои ќе бидат поднесени во законски пропишаните рокови. Во текот на вчерашниот ден пристигнаа вкупно 82 приговора.

Дик Димитар Апасиев Избори 2020 изборни нерегуларности Левица приговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.