Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска по изборите: Пленковиќ најави Влада со четири министерства помалку

0
By Нова ТВ on July 19, 2020 СВЕТ
Фото: vlada.gov.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 19, 2020 10:31

Мандатарот за состав на влада и доскорешен премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ најави помал број министерства во новиот кабинет, но и намалување на бројот на општините и на локалните власти.

„Новата влада ќе има четворица потпретседатели. Двајцата нови потпретседатели се Томо Медведев и Борис Милошевиќ. Според новата структура, ќе има вкупно 16 министерства, што е намалување за четири“, изјави Пленковиќ за „Нови лист“.

Како што појасни, ќе се спојат министерствата за правда и администрација, градежништво и државен имот. На Министерството за труд и пензиски систем ќе му се додаде и секторот за социјална политика. Ќе има и ново министерство за туризам и спорт, а во Министерството за економија и одржлив развој ќе биде секторот за енергетика и климатски промени.

„Во првиот чекор, ова намалување на бројот на министерства значи помал број министри, што ќе ми го олесни управувањето со владата и комуницирањето со одделни министри. Така ќе можам да посветам поголемо внимание на секој од одделите“, рече Пленковиќ.

Тој, исто така, најави дека во новиот мандат планира да го преполови бројот на локалните власти со укинување на позициите заменици-градоначалници, градоначалници и жупани, пренесува „Н1 Загреб“.

„Тоа ќе донесе годишна заштеда од најмалку 100 милиони куни или околу 13 милиони евра“, рече Пленковиќ

Според него, станува збор за анализа на функционално спојување на општините, а бројот на агенции и заводи е намален.

Андреј Пленковиќ Влада Жупании Избори 2020 министерства општини Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.