Author: Нова ТВ
Граѓаните пред Градското собрание извикуваа „Вучиќ, каде си“ и „Многу не има“, а упатуваа и навреди кон српскиот претседател и лидер на СНС
Како што се очекуваше, од Рено официјално го најавија враќањето на Фернандо Алонсо во Формула 1
На почетокот на кризата, Фаучи редовно ја известуваше американската јавност за состојбата со коронавирусот, но поради тензиите со Трамп, експертот престана да се појавува во медиумите
За известување од изборите досега се акредитирани и десеттина странски новинари
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индекост ќе биде 9. Во Скопје, сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен. До петок времето ќе биде стабилно, а за време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Од недела ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.
Од утре за влез во Северна Македонија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Владата вечерва на седница го усвoила предлогот на Комисијата за здравство за задолжителен ПЦР тест при влез во државава од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, соопшти службата за односи со јавност на Министерството за здравство, од каде најавија повеќе детали во владиното соопштение по завршување на седницата. Препораката што ја усвои утринава Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји…
Ќе куртулат ли дивите плажи и објекти долж Охридското Езеро ова лето? – Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на неодамна отпочнатите активности. Притоа е поведена и постапка за оценување на уставноста на Уредбата на владата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба и тоа само во делот на дополнувањето што се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга, изгласано на седница на 9 јуни. Таа ќе се решава по одморите, најрано во септември што значи дека оние закупувачи на простор, иако со истечени договори,…
На протестите во Белград, група вандали го нападна актерот Сергеј Трифуновиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани. Нападот се случил во близина на Собранието, како што јавува Н1, додавајќи дека полицијата повторно ги нападнала демонстрантите со солзавец. https://youtu.be/FGBW6s8ngV8
Центарот на Белград вечерва е блокиран, демострантите се упатија кон Собранието. Опозициската партија Сојуз за Србија го започна денешниот протест во Белград, со барање за преодна влада и нов кризен штаб. Протести се одржуваат и во Нови Сад. Бројни полициски сили со опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат околу зградата на српското собрание. Неколку десетици полицајци се распоредени во близина на зградата на РТС. Иако најавуваше полициски час викендов претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешното обраќање ја повлече одлуката и најави дека сепак конечниот збор ќе го даде кризниот штаб на утрешната седница. https://youtu.be/z5EtNNwTzfw
Додека трае „војната“ со анкети и препукувањата која е вистинска, а која лажна, се наметнува прашањето за целта на ваквите предизборни манипулации? – Ваквиот наратив е всушност битка за опортунистите, велат познавачите
По вчерашните протести поради најавата за евентуално повторно воведување на полицискиот час во Белград и демонстрациите што ескалираа пред зградата на Националното собрание, неколку политички партии попладнево организираа нов протестен собир, овој пат, пред Филозофскиот факултет . Иако претседателот на Србија, Александар Вушиќ, при денешеното обраќање до нацијата изјави дека нема да има повеќедневна забрана за движење, но дека, сепак, утре Владата ќе ја донесе конечната одлука, на улиците на Белград попладнево има зголемен број поддржувачи на различни политички опции. Еден од протестите го организира опозицискиот Сојуз за Србија, кој бара формирање на преодна влада и нов Кризен штаб за…
Автор: Гала Насева -Медуза Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело. Освен што значително ги разниша столбовите на економијата и меѓународните односи, пандемијата КОВИД-19 успешно продре до најранливите општествени категории и повторно отвори безброј дебати за суровото македонско секојдневие, потсетувајќи нѐ дека безбедноста на жените е само привидна. Само во мај, 2020 година, за време на вонредната состојба во Македонија, беа регистрирани 2 фемициди во рок од две недели. Во периодот по објавувањето на двете убиства, забележани се реакции од страна на Националната мрежа против насилство врз жените…