Author: Sashko

Министерството за одбрана (МО) ја поздрави одлуката на Независниот синдикат на професионални војници на Македонија (НСПВМ) да се повлече од штрајкот најавен за денеска, откако министерката за одбрана Славјанка Петровска и сите четири синдикати во одбраната, меѓу кои и НСПВМ, вчера постигнаа согласност за дополнителни измени на Законот во прилог на војниците, соопштија од МО. „Новите измени за кои вчера ја известивме јавноста предвидуваат предлози кои значајно ќе ги подобрат правата на нашите припадници, како што се усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, правото на остварување на пензија ќе…

Read More

По претходно добиени информации дека автомобил од типот „опел корса“, денеска (22 мај) околу 12:30 часот, се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, веднаш се преземени мерки од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Лицето е пронајдено и утврдено дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје. Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции“, информираат од МВР.

Read More

Украинскиот Парламент изгласа продолжување на воената состојба и општа мобилизација за три месеци. Врховната Рада гласаше за продолжување на воената состојба до 23 август, а општата мобилизација е продолжена за три месеци. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно до Врховната Рада на Украина поднесе предлог-закони за продолжување на воената состојба и мобилизацијата кои истекуваа на 24 мај. Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, кога започна воената инвазија на Русија против таа земја.

Read More

Здравствените власти потврдија четири случаи на мајмунски сипаници во Белгија, министерот за здравство ја смирува јавноста, a сомнителните и заразени лица со вирусот мораат да одат во 21 дневен карантин, јави дописничката на МИА од Брисел. Министерот за здравство, Франк Ванденбрук изјави дека, иако треба да се биде внимателен со оваа нова болест која се појави на европскиот континент, сипаниците се, сепак, многу помалку заразни од ковид-19. Мајмунските сипаници, главно, се пренесуваат преку директен физички контакт, сексуален, кожен, но и преку алишта. Властите ги повикуваат сите што ќе забележат сомнителни симптоми, веднаш да одат во итна помош. Докторите во болниците…

Read More

По најавите на новинарската фела во Северна Македонија дека се разговара за повторно воведување на владини реклами во медиумите, Европската Комисија (ЕК) потсетува дека и во ЕУ се подготвуваат промени, јавува дописничката на МИА од Брисел. Иако ништо не е официјално, новинарската фела во Северна Македонија подолго време предупредува дека контроверзниот член 102 повторно е во игра. Членот 102 од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги се укина по Пржинскиот договор во 2015 година, а владата на СДСМ се заложи за забрана за државно рекламирање по 11-те години владеење на Никола Груевски и злоупотребата на оваа пракса од неговата влада како…

Read More

Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир денеска беше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На средбата со Игуменот, Епископот Партениј, таа ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА. Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката. „На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен…

Read More

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен навести дека односите меѓу Вашингтон и Москва можеби нема да бидат обновени, пренесува Танјуг. Во обраќање пред дипломците на универзитетот Џорџтаун, Блинкен во шега рече оти жали за фактот што нема гитара со себе и што не може да му се обрати на рускиот претседател, Владимир Путин со стихови од песната на американската пејачка Тејлор Свифт – „We are never ever getting back together“ (Никогаш нема да се помириме). Блинкен рече дека персоналот не му дозволил да понесе гитара за „да му ја посвети „We are never ever getting back together“ на претседателот Путин“. Според…

Read More

Со ребалансот на буџетот се предвидени 15 милиони денари за ваучери за летување во домашните туристички капацитет за вработени со ниски примања, информира министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на Охрид. Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, тој посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам.  „Тоа е е една од мерките што се реализираат од Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања“, изјави Бектеши. Бројот на доделени ваучери и сумата, нагласи тој, ќе зависи од бројот на апликации. „Во зависност од апикациите, генерално, секоја година…

Read More

Потсетуваме дека во преговорите за нов Општ колективен договор за јавниот сектор беше прифатено дека линеарното зголемување на платите за најмалку 2.806 денари ќе се случи со ребалансот на буџетот, како што бевме убедувани од Владата, но за жал се покажува дека тоа било само купување на време и играње со судбината на 130.000 работници во земјата во време кога економската и енергетската криза и инфацијата ги јадат работничките плати, се наведува во реакцијата од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во однос на ребалансот на Буџетот. Од таму бараат итна средба со владата на која ќе биде потврдено тоа…

Read More

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) го испитува првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, а станува збор за турист од Англија, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ кусо соопштија дека туристот, заедно со неговата придружничка, која е без симптоми, се хоспитализирани во атинска болница. Резултатите од земените примероци и испратени во лабораторија ќе бидат достапни утре. Според грчките медиуми, 29-годишниот Англичанец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалониа, каде што и му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата и од локалниот здравствен центар, со авион бил пренесен во…

Read More

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот комитет на началници на штабови на американската армија, изјави дека е зголемен ризикот од голем конфликт меѓу светските сили, пренесе агенцијата ТАСС. „Се соочуваме со две светски сили – Русија и Кина. Секоја од нив има значителен воен потенцијал и немилосрдно е решена да го промени сегашниот поредок заснован на правила“, им кажа генералот Мили на дипломираните студенти на Воената академија „Вест Поинт“. „САД влегуваат во свет што станува сè понестабилен. Светот во кој влегувате има потенцијал за голем меѓународен конфликт меѓу големите сили. Тој потенцијал расте, а не опаѓа“, рече генералот.

Read More

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание и се однесуваат на одредбите во однос на недела како неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга и во трговија на големо и мало. Најдоцна за две недели се очекува да почне примената на новото, изменето законско решение, најави министерот за економија, Крешник Бектеши пред денешната средба со трговци од охридско-струшкиот регион, по што ќе направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија Целта е, како што посочи министерот Бектеши, сите стопанствениците да имаат поголема…

Read More