Author: Sashko

Црквата е еден од столбовите на македонскиот народ и негов бастион, но доведена е во ситуација да биде дел од друга црква, со можност да остане отворена за други влијанија и по 55 години нема да биде автокефална, истакна новинарот Бранко Ѓорѓевски во гостување на ТВ 24. „Стануваме дел од автономијата во рамки на Српската православна црква и остануваме отворени за влијанија. Какви ќе бидат ќе видиме. Македонскиот идентитет сите години беше граден зошто црквата беше автокефална и сите сме сведоци што таа црква направи за нас и идентитетот“, рече Ѓорѓевски за ТВ 24.

Read More

Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила поради одрон во близина на местото викано „Вражји вир“. „Поради одрони на патот на улица „Јадранска магистрала“, поточно на м.в. „Вражји вир“, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата“, информираат вечерва од АМСМ. Претходно, денеска сообраќајот беше прекинат во двата правци.

Read More

Русија нема да дозволи избувнување на Трета светска војна, но земјата е во состојба да одговори исклучително силно во случај на напад, изјави на Телеграм заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, по посетата на нуклеарниот центар Саров. Тој го нарече рускиот нуклеарен штит „арсенал на модерно, доверливо и ефикасно оружје, што сè уште ги лади амбициите на оние кои се подготвени да ја започнат Третата светска војна со свои и туѓи раце“. „Нема да дозволиме таква ситуација. Но, принудени сме постојано да потсетуваме дека во случај на напад врз нашата земја, можеме веднаш да испратиме исклучително силен одговор.…

Read More

Вечерва во Кан е отворено 75-то издание на престижниот филмски фестивал, а на црвениот тепих продефилираа многу ѕвезди и гости кои ги вратија возбудата и гламурот во модниот град, што овој пат е придружен и со контроверзиите околу одбивањето на акредитацијата на руските филмаџии и новинари. Фестивалот во 2020 година не се одржа поради пандемијата на ковид-19, додека лани се одржа во посебни услови. „Едноставно кажано, пресреќен сум“, изјави претседателот на жирито Винсент Линдон на прес-конференција. Во жирито се вклучени повеќе актери и режисери, меѓу кои Ребека Хол, Номи Рапејс, Дипика Падукон, Џеф Николс и Асгар Фархади. Најголемиот филмски фестивал…

Read More

Министерството за образование, наука и култура и Синдикатот (СОНК) постигнаа договор за зголемување на платите за 15 отсто што ќе се применува со исплата на септемвриските плати, соопшти вечерва министерот Јетон Шаќири по средбата со претставници на СОНК. Министерот Шаќири изрази задоволство од компромисот до кој е дојдено со посредство на медијатор и порача дека ќе нема кратење на платите за периодот на штрајк кој траеше 12 дена. „И двете страни се согласивме да ги прифатиме предлозите на медијаторот кој е вклучен во преговарачкиот процес, во однос на сите теми кои беа отворени и причините за штрајкот во образованието кој…

Read More

Формирана е дисциплинска комисија за да ги истражи деталите за вчерашното повикување на новинарката, Соња Делевска од порталот СДК на информативен разговор во полиција по поплака на раководителка на одделение во Министерството за правда, истакна министерот Никола Тупанчевски во вечерашното гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма. „Не седиме со скрстени раце и формиравме дисциплинката комисија ќе ги истражи сите детали за случајот. Јавноста ќе биде навремено информирана“, порача Тупанчевски. Според него, постапка е покрената и во Министерството за внатрешни работи (МВР) за утврдување на околностите под кои новинарката Делевска била повикана во полиција. Сефер Селими од „Democracy Lab“ смета…

Read More

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ утре ќе престојува во посета на Македонија. Таа ќе оствари официјална работна средба со нејзиниот македонски колега Димитар Ковачевски. Дочекот на високата гостинка од Србија е најавен на платото пред Владата во 9 часот претпладне.

Read More

Патувачки забавен парк со десетина содржини од кои дел се адреналински „никнаа“ на парцела кај СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Засега е нејасно кој стои зад проектот, кој дал дозвола за негово поставување и до кога ќе остане во Скопје, но она што е сигурно е можноста за уживање на најмладите. Ова е прв забавен парк во Скопје по пауза од три години и строгите мерки за заштита од ковид-19 кои беа на сила. Последниот беше поставен на истата локација во 2019 година.

Read More

Руските власти побараа од Врховен суд да го прогласи украинскиот баталјон Азов за терористичка организација. Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (други употребени имиња: баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација е закажан за судење на 26 мај“. Ова се случува во момент кога украински борци, од кои многумина се припадници на Азовскиот полк, се евакуирани од челичарницата Азовстал. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да коментира дали бранителите на челичарницата, кои сега се наоѓаат во…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како координатор, министерка за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ја сочинуваат делегацијата за Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД чиј почеток е закажан на 2 јуни. Стратешкиот дијалог претставува подигнување на односите на повисоко ниво со САД и особено е значаен во контекст на актуелните безбедносни закани. Во рамките на дијалогот ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, од миграција,…

Read More

Синоптичарите најавуваат пороен дожд и грмежи за денеска попладне и во вечерните часови. Во текот на ноќта процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветaр и појава на град. Во делови од Скопската котлина во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветaр. За утре претпладне, синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува и засилен до силен ветaр од северен правец, кој повремено ќе надминува…

Read More

Шведска и Финска утре заедно ќе ги поднесат апликациите за членство во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон. „Во Шведска и во Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања“, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведскиот главен град. Финскиот Парламент денеска гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Алијансата. И шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде денеска го потпиша барањето на нејзината…

Read More