Author: Sashko

Претседателот на СДСМ и мандатор за состав на новиот владин кабинет Димитар Ковачевски ги повика граѓаните да се вакцинираат, бидејќи како што рече, на тој начин си помагаат на себе, но и на сите други особено на здравствениот персонал, како и на економијата во целост. Сепак, напомена дека тој не е за решенија со притисок, бидејќи смета дека треба и јавното мислење да се почитува. Јас би сакал да ги поттикнам граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата штити симптомите од вирусот да бидат на пониско ниво. На тој начин тие не си помагаат само на себе, туку помагаат на сите…

Read More

Задолжителното тестирање на ковид-19 на 24 часа пред воведниот натпревар на Европското првенство не донесе нови позитивни случаи на коронавирусот во македонската ракометна репрезентација и селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани за утрешната пресметка против Словенија. На последното тестирање пред заминување за Дебрецин, позитивни на ковид-19 во редовите на „црвено-жолтите“ беа голманскиот тандем Никола Митревски и Марко Кизиќ, како и Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ, кои поради тоа останаа во Скопје. Позитивен на коронавирусот беше и кондицискиот тренер Петар Баснарков. Својот воведен дуел во рамки на групата А, македонските ракометари ќе го имаат утревечер со почеток…

Read More

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, истакна дека нивото на политичка култура во земјата треба да се подгигне и партиите да зборуваат за решенија во интерес на граѓаните. Ситуацијата во која живееме денес, во време на здравствена, економска и енергетска криза, бара од политичарите да ги здружат сите сили, на ниво на партија, на ниво на коалиција но и на ниво на држава, без разлика на партиската провиниенција и сите да дадат придонес кон изнаоѓање решенија, рече Ковачевски. Тој додаде дека во време на криза сите ресурси треба да бидат насочени, особено на владата и…

Read More

По изборот на новата Влада, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на владиниот кабинет, Димитар Ковачевски ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните. Вечерта кога бев избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, имавме телефонски разговор дека по изборот на нова Влада ќе се видиме и ќе разговараме за актуелната состојба, рече Ковачевски во „Топ тема“ на ТВ Телма. Ковачевски смета дека политичарите треба да ги здружат сите сили, и…

Read More

Продолжување на зимскиот распуст за две недели, па враќање на учениците во училиштата без маски и Македонија да биде првата земја во светот која ќе ги укине ковид сертификатите, е став на микробиологот Никола Пановски кој го истакна во вечерашното интервју на ТВ Канал 5. Зимскиот распуст треба да се продолжи за две недели, а потоа учениците да се вратат во училиштата без маски, смета доктор Пановски. Според него, потребно е укинување на ковид сертификатите кои ги нарече „голема глупост“, немаат никаков ефект и никакво медицинско оправдување. „Треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се…

Read More

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска се движеа над 84 долари за барел. Покачувањето е поттикнато од проблемите на производителите со зголемување на понудата и проценките дека ширењето на инфекцијата со Омикрон. На лондонската берза, цената на барелот попладнево порасна за 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 84,19 долари. На американскиот пазар, пак, денеска се тргуваше по 66 центи повисока цена за барел или вкупно 81,88 долари. Водечките производители на нафта во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници предводени од Русија неодамна одлучија да го зголемат производството за 400.000 барели дневно во…

Read More

Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 14 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци. Како што соопшти МВР, четири возила се на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.  „Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се вели во соопштението од МВР.

Read More

По примерот на западните земји, каде со сертификатот за вакцина, младите добиваат попусти, гратис храна, пијалок и други награди, и Владата планира стимулативни мерки за привлекување на оваа група граѓани да се вакцинираат. Во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација кај младите, како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата. Мерките на Владата, како што се наведува, се во насока на одржување на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети за да ги опслужуваат граѓаните. Процесот на вакцинација…

Read More

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг по пристигнувањето во Дебрецин каде утре ги очекува премиерниот настап на Европското првенство против Словенија. Капитенот и селектор на националниот тим Кирил Лазаров на денешната онлајн прес-конференција истакна дека словенечката репрезентација е исклучително квалитетна, но оти „црвено-жолтите“ влегуваат во дуелот максимално мотивирани за успешен старт на Европското првенство. Имаме целосен респект кон Словенија. Тие имаат квалитетни индивидуалци и се голем тим. Меѓутоа, ние не влегуваме во натпреварот со бело знаме. Иако фаворитската улога можеби е на нивна страна, ние ќе дадеме сè од себе за да приредиме изненадување, најави Лазаров. Македонскиот…

Read More

Владата денеска ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2022 година која се носи секоја година и која опфаќа вакцинација на лица на одредена возраст, која се спроведува континуирано, во текот на целата година. Со оваа програма се предвидува вакцинација на одредена возраст, согласно Календарот за имунизација, против акутен вирусен хепатит Б, туберкулоза, заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, заразни заушки, рубеола и инфекции предизвикани од хуман папилома вируси, од ротавируси и од Streptococcus pneumoniae. „Во Програмата е приложен Календар за имунизација на деца од 0…

Read More

Автобус на „Житиа турс“ вечерва околу 22 часот излета од патот и се преврте кај местото Велики Купци во близина на Крушевац. Автобусот, според српските медиуми, сообраќал на релација Приштина – Грац. Повредените патници моментно се транспортираат во болницата во Крушевац. Во тек е увид на местото на несреќата, а повеќе детали се најавени за утре.

Read More

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Како што соопшти владината прес-служба, целта на предложениот закон е пропишување на нормативна основа за воспоставување на ефикасен модел за функционирање на системот на колективното управување со авторското право и сродните права усогласен со Директивата 2014/26/EC на Европската Унија за колективно управување со авторското право и сродните права и мулти-територијално лиценцирање на музички дела за користење преку интернет, во делот на колективното управување. „Со измените и дополнувањата, меѓу другото, уште се врши усогласување со Директивата 2011/77 на ЕУ и…

Read More