Автобус на „Житиа турс“ вечерва околу 22 часот излета од патот и се преврте кај местото Велики Купци во близина на Крушевац.

Автобусот, според српските медиуми, сообраќал на релација Приштина – Грац.

Повредените патници моментно се транспортираат во болницата во Крушевац. Во тек е увид на местото на несреќата, а повеќе детали се најавени за утре.