Продолжување на зимскиот распуст за две недели, па враќање на учениците во училиштата без маски и Македонија да биде првата земја во светот која ќе ги укине ковид сертификатите, е став на микробиологот Никола Пановски кој го истакна во вечерашното интервју на ТВ Канал 5.

Зимскиот распуст треба да се продолжи за две недели, а потоа учениците да се вратат во училиштата без маски, смета доктор Пановски.

Според него, потребно е укинување на ковид сертификатите кои ги нарече „голема глупост“, немаат никаков ефект и никакво медицинско оправдување.

„Треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување. Ако не може да помогнат рестриктивни мерки, тогаш треба да направиме олеснителни мерки. Сертификатите треба да се тргнат“, истакна Пановски.