Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поранешниот член на турската фудбалска репрезентација Ахмет Чалик загина на 27. годишна возраст во сообраќајна несреќа, објави денеска неговиот клуб Коњаспор. Турските медиуми јавија дека Чалик настрадал во несреќа што се случила на автопат во близина на Анкара, каде фудбалерот требало да ги заврши последните подготовки за својата свадба. Чалик од 2011 до 2017 година беше член на Генчербирлиги, а во тој период стекна и статус на репрезентативец, одигрувајќи вкупно осум натпревари во националниот дрес. Дефанзивецот потоа беше член на Галатасарај, а од 2020 година настапуваше за турскиот прволигаш Коњаспор.
Советодавниот совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија, Румен Радев на тема Северна Македонија, беше апсолутно непотребен, бидејќи само ги потврди намерите запишани во Договорот за добрососедство уште од владата на ГЕРБ. Сепак, вистинската цел беше друга – Радев да покаже дека всушност тој управува. Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми, го изјавил на брифинг на ГЕРБ лидерот на партијата и поранешен премиер Бојко Борисов. Сосема непотребен Советодавен совет за национална безбедност. Несвесен што му се случи вчера – претседателот Радев му ја одзеде секоја можност за маневри. Затоа што, кога апсолутно сите партии се на истиот…
Нови 1.964 случаи на ковид-19 и седум починати лица се регистрирани во Македонија во последните 24 часа, објави Министерството за здравство (МЗ) информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Информација за оздравени пациенти нема поради, како што стои во соопштението на МЗ, технички проблем во системот „Мој Термин“. Новите 1.964 случаи се регистрирани преку 7.724 тестови и тоа во Скопје – 1.070, во Битола – 226, во Прилеп – 122, во Куманово – 52, во Охрид – 51, во Валандово – 44, во Радовиш – 35, во Велес – 32, во Гевгелија – 31, во Кавадарци – 29,…
https://www.youtube.com/watch?v=p8b412_qM3o
Славјанка Петровска на чело на Министерството за одбрана, Никола Тупанчевски го презема Министерството за правда, нов вицепремиер за евроинтеграции ќе биде Бојан Маричиќ. Позицијата вицепремиер за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси ќе ја извршува Славица Грковска, додека Љупчо Николовски се враќа во Министерството за земјоделство. Досегашната директорка на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска ќе биде новата министерка за труд и социјална политика, а со ресорот култура ќе раководи Бисера Костадиновска Стојчевска. Ова е епилог по вечерашните седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ на кои предложените кадровски решенија на лидерот Димитар Ковачевски,…
Не би сакал никогаш да се разделиме, бидејќи не само што сме две соседни земји, туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес и доколку се движат побрзо од Албанија, нека има прогрес и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад, истакна претседателот на Албанија, Илир Мета. Во вечерашното гостување на ТВ 21, тој рече дека како држави треба да ги зголемиме напорите за да се движиме заедно по овој пат и да се најде решение со Бугарија и билатералните прашања да не бидат пречка за пристапувањето на некоја држава кон ЕУ. Ова беше мојот став и претходно и…
Прес-конференција на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски
Старите бараки во близина на ресторанот „Томче Софка“ во Градски парк вечерва пламнаа по вторпат за само три месеци. Од противпожарната бригада соопштија дека пожарот е локализиран, но причините за негово настанување се непознати. https://www.youtube.com/watch?v=X1muyCR-ZnA Старите бараки беа во пламен и кон крајот на октомври, при што материјална штета имаше и ресторанот „Томче Софка“ и салата „Партизан“.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто. Денеска околу 17:35 часот е пријавено дека на ул. „М. А. Ченто“ се случила сообраќајна несреќа меѓу автобус на ЈСП на линија бр. 65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и „Голф“ со скопски таблички, управуван од С.О. (1982) од Скопје. Од страна на екипа на итната медицинска помош е констатирана смрт кај С.О. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза“, а тројца сопатници од автобусот пренесени се…
Поради врнежи од снег, вечерва од 20:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Ѓавато. Од АМСМ информираат дека поради превртено возило, денеска од 16 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Штип – Миладиновци. Забрана за сообраќај за тешки моторни возила има и на кракот Маврово – Дебар.
Во Њујорк денеска е успен маж на возраст од 72 години, кој во повеќе наврати ги предупредувал американските власти дека планира да го убие Доналд Трамп пред или по претседателските избори во ноември 2020 година, соопшти Обвинителството. Томас Велницки „свесно и намерно му се заканил дека ќе го убие, киднапира и ќе му нанесе телесни повреди“ на поранешниот американски претседател, соопшти Обвинителството. Велницки, кој беше уапсен од членови на Тајната служба, треба да биде испрашан во текот на денот. Уапсеното лице од 24 септември до 2 декември 2020 година, најмалку три пати се јавило во канцеларијата на Тајната служба во…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора забрани увоз и транзит на пратки со живи домашни и диви свињи, месо и месни производи од домашни и диви свињи од некои делови на Македонија и од Србија. Од Министерството за подгорички „Вијести“ е неофицијално потврдено дека причина за одлуката за забрана е африканска чума. Со забраната, покрај делови од Македонија и Србија, се опфатени и Кина, Русија, Украина, Индија, Филипини, Индонезија, Нигерија, Намибија, Замбија, Виетнам, Јужна Африка, Кенија, Лаос и Брегот на слоновата коска.