Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто.

Денеска околу 17:35 часот е пријавено дека на ул. „М. А. Ченто“ се случила сообраќајна несреќа меѓу автобус на ЈСП на линија бр. 65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и „Голф“ со скопски таблички, управуван од С.О. (1982) од Скопје.

Од страна на екипа на итната медицинска помош е констатирана смрт кај С.О. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза“, а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски“.