Во Њујорк денеска е успен маж на возраст од 72 години, кој во повеќе наврати ги предупредувал американските власти дека планира да го убие Доналд Трамп пред или по претседателските избори во ноември 2020 година, соопшти Обвинителството.

Томас Велницки „свесно и намерно му се заканил дека ќе го убие, киднапира и ќе му нанесе телесни повреди“ на поранешниот американски претседател, соопшти Обвинителството.

Велницки, кој беше уапсен од членови на Тајната служба, треба да биде испрашан во текот на денот.

Уапсеното лице од 24 септември до 2 декември 2020 година, најмалку три пати се јавило во канцеларијата на Тајната служба во Њујорк, кажувајќи им дека имал намера да го убие Трамп и побарал информации за заштита на поранешниот американски претседател, додавајќи дека поседува оружје за таа цел.

„Ќе сторам сè што можам за да се уверам дека е мртов“, кажал Велицки во еден од телефонските разговори во кој Трамп го споредил со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.