Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора забрани увоз и транзит на пратки со живи домашни и диви свињи, месо и месни производи од домашни и диви свињи од некои делови на Македонија и од Србија.

Од Министерството за подгорички „Вијести“ е неофицијално потврдено дека причина за одлуката за забрана е африканска чума.

Со забраната, покрај делови од Македонија и Србија, се опфатени и Кина, Русија, Украина, Индија, Филипини, Индонезија, Нигерија, Намибија, Замбија, Виетнам, Јужна Африка, Кенија, Лаос и Брегот на слоновата коска.