Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на новозаразени со ковид-19 е намален за 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1922 лица. Тестирани се 19.943 лица што е за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4, а просечно е 9,6. Најмногу новозаразени има во Скопје. Намалување на заболени има во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8 отсто). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,5 отсто). Според полот, 52,8 отсто од заболените се жени,…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Шефот на државата, како што е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, е најавено за 12 часот. Вообичаено, претседателот ќе говори за актуелните случувања во изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој ќе се обрати пред пратениците во момент на формирање на нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето. Пендаровски не поддржува предвремени избори. Според него многу тешко ќе се дојде до 61 глас во Парламентот за тој…
Франција во првата половина на јануари ќе усвои закон, со кој се бара луѓето да мора да бидат вакцинирани за да извршуваат одредени професии или да одат во кина и барови. Со предлог законот сегашната здравствена пропусница, ќе стане „вакцина пропусница“, соопшти портпаролот на француската Влада, Габриел Атал. Според сегашните правила, неодамнешен негативен резултат од тестот може да послужи како здравствена пропусница дури и без вакцинација. Атал наведе дека во Франција во последните 24 часа се регистрирани околу 73.000 нови случаи и дека основната цел на оваа пропусница е да се укине можноста за добивање сертификат со негативен тест, кој…
Бугарија не гледа потреба од распоредување на НАТО војници на своја територија, како одговор на трупањето на руски сили долж границата со Украина, изјави бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев. Тој ги потврди извештаите дека во НАТО се разговарало за различни опции, вклучително и за присуство на бугарски и романски војници во Црното Море. Мојот став е дека таквиот пристап потенцијално може да доведе до непосакувано зголемување на тензиите во регионот. Во таа смисла, не верувам дека постојат реални околности кои можат да ја оправдаат одлуката во врска со распоредување на дополнителни војници на територијата на Бугарија, напиша Јанев. Тој…
Времето утрово ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со слаб северен ветар и температури во интервал од -4 до 8 степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено. Минималната температура ќе се спушти до -8 степени, а максималната ќе достигне 4 степени. До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови утринските температури во наредните денови да бидат ниски, особено утре и во четврток кога на места ќе се спуштат и под минус 10 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност,…
Снимки на социјалните мрежи укажуваат на масовен протест низ улиците на романскиот главен град Букурешт против воведените епидемиолошки мерки и ковид сертификатите. На видео материјал што е „закачен“ на Твитер се гледа толпа народ како се движи кон зградата на парламентот, а дел од граѓаните успеаја да минат низ полициската линија и да влезат во дворот на објектот. Romanian protesters evade security forces in Bucharest and storm ahead towards Parliament, forcing bureaucrats to postpone their vote on vaccine passports. pic.twitter.com/477P0M29YU — The Vigilant Fox (@VigilantFox) December 21, 2021 Претставници на романската Жандармерија преговааат со демонстрантите во обид да ги убедат…
Парите потрошени за вооружување на државите треба да се пренасочат кон образованието, порача денеска папата Франциск во својата годишна мировна порака, осудувајќи ги растечките воени трошоци. Во својата порака објавена денеска по повод Светскиот ден на мирот на Римокатоличката црква, кој се слави на 1 јануари, папата повика и на подобра рамнотежа меѓу слободната пазарна економија и потребата да им се помогне на оние на кои им е потребна помош, како и да се заштити животната средина. Речиси една третина од неговата порака, содржана на четири страници, е посветена на образованието и укажува на „значителното намалување“ на трошоците за образование…
Европска комисија денеска усвои регулатива за важење на сертификатите за ковид-19 за девет месеци од примарната вакцинација, изјави претставник на Европска Унија (ЕУ). Тој додаде дека новите прописи ќе бидат обврзувачки за 27 земји-членки од 1 февруари. Регулативата може да биде поништена со квалификувано мнозинство од владите на ЕУ или просто мнозинство од членовите на ЕП, но според официјалните лица нема доволно поддршка за тоа.
Препораката за воведување на задолжителен рапид тест за влез во затворени простори за забава во Грција кои работат само со вакцинирани, ја отфрлил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и најави по два бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба за време на празниците, за сите граѓани, без разлика дали се вакцинирани или не, јави дописничката на МИА од Атина. За време на владината седница, Мицотакис рече дека им се обраќа на граѓаните со план во две фази: првата, пред празниците со масовно тестирање, а втората по Нова година со можност за дополнителни мерки во зависност од ситуацијата со пандемијата. Рече…
Руски „Гаспром“ утрово ги прекина испораките за Германија преку гасоводот Јамал-Европа, потврди германскиот оператор за гасна мрежа „Гаскејд“. Затоа Германија во моментот се снабдува со руски гас само преку „Северен тек 1“. Руската компанија во петокот ги намали испораките преку гасоводот Јамал-Европа, за денеска да ги прекине. Од „Газпром“ објаснија дека Германија за денеска немала резервирано количества за испорака преку тој гасовод. Суспендирањето на испораките на гас преку Јамал -Европа придонесе за нов скок на цената на гасот, кој денес се продава за повеќе од 1.850 долари за илјада кубни метри. Гасоводот Јамал-Европа е долг 4.107 километри и минува низ…
Пратениците во Парламентот на Гана физички се пресметаа додека дебатираа за Предлог-законот за данок на електронските трансакции. Данокот од 1,75 отсто, кој би вклучувал давачки за електронските плаќања, наиде на силен отпор од опозицијата, откако првпат беше предложен во минатиот месец и го запре усвојувањето на националниот буџет. https://www.youtube.com/watch?v=UY7N7Rj8bhM Физичката пресметка помеѓу пратениците почна кога заменик-претседателот на парламентот, Џозеф Осеи-Овусу предложи за данокот да се дискутира и гласа по итна постапка. https://www.youtube.com/watch?v=iL5Y1TQ3wlk Министерот за финансии Кен Офори-Арта тврди дека новата давачка ќе ја прошири даночната мрежа и ќе собере дополнителни 1,15 милијарди долари во 2022 година. Сепак, неговиот предлог наиде…
Во Обвинителството на БиХ оваа недела почнаа серија сослушувања на лидерите на политичките партии на Република Српска (РС), како дел од истрагата за сомнежи за кршење на уставниот поредок, а денеска исказ даде еден од опозициските лидери Мирко Шаровиќ. Според достапните информации, Обвинителството на БиХ ја отвори истрагата откако Народното собрание на РС, на 10 декември, ги усвои заклучоците со кои се повлече согласноста на ентитетот за државните закони за одбрана и безбедност, даночниот и царинскиот систем и Високиот судски и обвинителски совет (ВССК). Тие заклучоци беа предложени од владеачкото мнозинство собрано околу Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад…