Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БиХ: Српските политичари под истрага за уривање на уставниот поредок на земјата

0
By Sashko on December 21, 2021 РЕГИОН
Фото: cin.ba
Фото: cin.ba
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 11:38

Во Обвинителството на БиХ оваа недела почнаа серија сослушувања на лидерите на политичките партии на Република Српска (РС), како дел од истрагата за сомнежи за кршење на уставниот поредок, а денеска исказ даде еден од опозициските лидери Мирко Шаровиќ.

Според достапните информации, Обвинителството на БиХ ја отвори истрагата откако Народното собрание на РС, на 10 декември, ги усвои заклучоците со кои се повлече согласноста на ентитетот за државните закони за одбрана и безбедност, даночниот и царинскиот систем и Високиот судски и обвинителски совет (ВССК).

Тие заклучоци беа предложени од владеачкото мнозинство собрано околу Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик, кој со месеци наназад најавуваше вакви одлуки. Тој, исто така, предложи РС да ги преземе сите овластувања што има намера да ѝ ги ускрати на државата во рок од шест месеци.

Опозициските партии не ги поддржаа предлозите на Додик, а нивните претставници го бојкотираа гласањето за заклучоците, што беше причина за истрагата на државното обвинителство.

Немав ништо посебно да кажам, бидејќи се воздржавме од седницата на Народното собрание и не бевме присутни за време на гласањето, изјави претседателот на Српската демократска партија (СДС), Шаровиќ пред новинарите по едночасовното сведочење пред државниот обвинител во Сараево.

Пред него, исто така, сведочеше и Горан Селак, лидер на Социјалистичката партија на РС. Тој појасни дека осомничени за уривање на уставниот поредок се всушност водачите на владејачките политички партии, меѓу кои и Милорад Додик, како и претседателката на РС, Жељка Цвијановиќ и ентитетскиот премиер, Радован Вишковиќ.

Никој од нив сè уште не е сослушан, но Цвијановиќ веднаш оцени дека се работи за политички процес и тврди дека РС на ниту еден начин не го доведува во прашање уставниот поредок на БиХ.

Кривичниот законик на БиХ пропишува казни од најмалку пет години затвор за кршење на уставниот поредок.

БиХ истрага обвинителство регион Република Српска Уставен поредок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.