Снимки на социјалните мрежи укажуваат на масовен протест низ улиците на романскиот главен град Букурешт против воведените епидемиолошки мерки и ковид сертификатите.

На видео материјал што е „закачен“ на Твитер се гледа толпа народ како се движи кон зградата на парламентот, а дел од граѓаните успеаја да минат низ полициската линија и да влезат во дворот на објектот.

Претставници на романската Жандармерија преговааат со демонстрантите во обид да ги убедат да ја напуштат областа.

Според претседателот на Алијансата за единство на Романците (АУР), Џорџ Симјон, ковид сертификатот е „неуставен и неефикасен“, а според локалните медиуми, целта на протестот е да се каже „не за мерките за кои се верува дека не ги решаваат постоечките проблеми“.