Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: И вакцинираните и невакцинираните на забави во Грција со бесплатни селф тестови за време на празниците

0
By Sashko on December 21, 2021 РЕГИОН
Фото: int.ert.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 13:21

Препораката за воведување на задолжителен рапид тест за влез во затворени простори за забава во Грција кои работат само со вакцинирани, ја отфрлил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и најави по два бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба за време на празниците, за сите граѓани, без разлика дали се вакцинирани или не, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на владината седница, Мицотакис рече дека им се обраќа на граѓаните со план во две фази: првата, пред празниците со масовно тестирање, а втората по Нова година со можност за дополнителни мерки во зависност од ситуацијата со пандемијата.

Рече дека првиот чекор е „безбедно да се минат празниците, без да се „замрзнат“ економијата и општеството, но и без подоцна да се плати цената од активностите од овие денови“ и додаде дека главното оружје во овој период е тестирањето.

Вистина е дека добив препораки за задолжителен рапид тест за сите за влез во просторите за забава. Ги отфрлив, бидејќи сметав дека една таква мерка ќе биде неправедна за вакцинираните и на крајот ќе биде многу тешко да се спроведе. Па така, наместо да им наметнам нешто на сите, избрав да им верувам на сите. И токму за оваа цел државата ќе обезбеди уште два бесплатни селф тестови за целото население. Со препорака првиот да се користи за време на празниците, а вториот веднаш по Нова Година, објасни Мицотакис, повикувајќи ги граѓаните да се тестираат пред празничните масовни собири.

За бесплатните селф тестови кои се веќе пракса во Грција, Мицотакис објасни дека досега, државата обезбедила речиси 80 милиони во висина од околу 150 милиони евра.

Говорејќи за втората фаза од владиниот план рече дека се однесува на периодот по празниците, односно на првите седмици од 2022 година и во зависност од текот на пандемијата, на располагање се низа опции, а како пример ги спомена работа од дома, работното време на угостителските објекти и ноќните клубови, но не и затворање на училиштата.

Паралелно истакна дека сè ќе зависи од тогашните податоци и епидемиолошката слика во земјата и „сè уште не е донесена никаква одлука“.

„Пораката оваа година е дека најдобрите празници се безбедните празници. Во моментов не ни требаат нови мерки. Доволно е, потенцирам, да се запазат мерките што веќе постојат. Со чести контроли, забрзување на вакцинациите, особено со бустер дозата и како што кажав со многу селф тестови, за ние самите да можеме да си ја контролираме состојбата на нашето здравје“, истакна Мицотакис, говорејќи на денешната владина седница.

(Не)вакцинирани) Грција мерки празници регион тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.