Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска во 12 часот: Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието

0
By Sashko on December 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 22, 2021 08:05

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Шефот на државата, како што е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, е најавено за 12 часот.

Вообичаено, претседателот ќе говори за актуелните случувања во изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој ќе се обрати пред пратениците во момент на формирање на нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето.

Пендаровски не поддржува предвремени избори. Според него многу тешко ќе се дојде до 61 глас во Парламентот за тој да се самораспушти и да се оди на предвремени избори. Во гостувањето на „Топ тема“ на телевизија Телма минатата недела, коментирајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени избори, рече дека на државата и недостига период без избори.

Ако има 61 глас, ќе одиме на избори. Се разбира дека демократски донесена одлука треба да се почитува. Но, факт е дека имавме пет-шест изборни циклуси во седум-осум години наназад и факт е дека на државата и недостасува период без избори, во кој треба да видиме што новите луѓе во новата Влада по Нова Година можат да придонесат, истакна Пендаровски.

Прашан дали очекува на неговото годишно обраќање во Собранието да присуствува и опозицијата, Пендаровски рече дека тоа е политичка одлука на пратеничките групи.

Ми претставува чест дека првпат во 2019 година во целокупната наша историја, една опозициска партија, во тоа време ВМРО-ДПМНЕ, ги призна изборните резултати и присуствуваше на инаугурацијата и давањето заклетва во Парламентот и на првото годишно обраќање понатаму. Тоа се чинови, какви што недостасуваат за да бидеме позрела демократија, без разлика кој е на власт, рече Пендаровски.

Шефот на државата свој говор во Собранието ќе одржи и во неделата, за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев. Премиерот најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на оваа недела и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Македонија обраќање претседател Собрание Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.