Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се спротивстави на секакво мешaње на Русија во врските меѓу Алијансата и Украина, не сакајќи да ја повлече поканата за евентуално членство на Киев во нејзините редови, што јасно го побара Москва. Само триесетте членки на Алијансата и самата Украина и никој друг можат да одлучуваат за односите меѓу НАТО и Украина и никој друг, рече Столтенберг по средбата со новиот германски канцелар, Олаф Шолц. „Не можеме да дозволиме Москва да се обиде повторно да воспостави систем во кој суперсилите, како Русија, да имаат свои сфери на влијание во кои ќе можат да контролираат…
Мотивирање и обединување на членството за активно вклучување во работата на партијата со цел СДСМ да се врати на нивото на резултати што ги имаше пред локалните избори, изјави Димитар Ковачевски, кандидатот за претседател на СДСМ презентирајќи ја својата програма во телевизиското гостување на ТВ Канал 5. Во емисијата „Само Вистина“, Ковачевски изјави дека во партијата треба да бидат вклучени сите нејзини членови, со цел да се слушне нивниот глас, да се идентификуваат слабостите и да се постапува за нивно решавање. Единство во партијата не е само декларативно, туку единство е да можеме да седнеме на маса, да ги кажеме…
Норвешкиот шаховски велемајстор Магнус Карлсен вечерва во Дубаи ја одбрани титулата светски првак, совладувајќи го предизвикувачот Јан Непомњашчиј со вкупен резултат 7,5:3,5 и со тоа ја постигна една од најубедливите победи во поновата историја на древната игра. Од 1948 година кога Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) го презеде под свој патронат Поединечното светско првенство, само два дуела завршија со пет поени разлика (во Москва 1961 година: Ботвиник – Таљ 13:8 и во Лондон 1993 година: Каспаров – Шорт 12,5:7,5, а четири пресметки завршија со четири бода разлика (во Москва 1960 година: Таљ – Ботвиник 12,5:8,5, во Рејкјавик 1972 година: Фишер -…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Северна Македонија на европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали двете земји ќе почнат преговори со Европската Унија (ЕУ). Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки на ЕУ кои што значително ќе влијаат на довербата на самата Унија во регионот и ќе доведе до ситуација и двете држави најдоцна во јануари да почнат со преговорите, рече Османи во разговор за „Топ тема“ на ТВ Телма. Тој посочи дека во 2019 година двете…
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ја прими титулата почесен граѓанин на Општина Лежа во Република Албанија. „Особено сум почестен и горд што денеска ја примив титулата Почесен граѓанин на Општина Лежа. Уште еден симбол за мостовите и нераскинливите врски кои ги негуваме со Република Албанија“, посочува Џафери во објавата на својот фејсбук-профил.
Кетрин Расел, висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, е назначена за шеф на УНИЦЕФ, соопштија од Обединетите Нации (ОН). Расел (60) моментно е шеф на кабинетот на претседателот на Белата куќа и негов помошник. Назначена од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Расел ќе ја замени Американката Хенриета Фор, која поднесе оставка во јули поради семејни причини. Ќе ни недостасува Кети. Но, нашата загуба е добивка за УНИЦЕФ, бидејќи децата низ светот ќе имаат побогат, побезбеден и поздрав живот како директен резултат на лидерството на Кети во оваа нова улога, се вели во соопштението на Белата куќа.…
Народното собрание на Република Српска (РС) денеска ги усвои Заклучоците во врска со трансферот на надлежности, со што законите и другите прописи со кои е извршен пренос на надлежностите од РС на институциите на БиХ нема да се применуваат на територијата на ентитетот. Притоа е усвоена и Декларација за уставни принципи. Во Декларацијата, Народното собрание ја задолжува Владата на РС, во координација со претседателот на РС, да го подготви текстот на Уставот на РС со кој ќе се потврдат сите надлежности на Република Српска, освен надлежностите на БиХ. Новиот Устав на Република Српска, меѓу другото, ќе ја дефинира Бања Лука…
Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за „непријателска земја“. Ова го покажуваат податоците од новата студија спроведена по распоредувањето на руски војници во близина на украинската граница. Само 12 отсто од Украинците ја сметаат Русија за сојузник. Анкетата ја спроведе социолошката агенција „Рејтинг“. Во изминатите две години, процентот на Украинци кои бараат воведување визи за Руската Федерација значително се зголеми и во моментот изнесува 52 отсто. Русија постави огромен број на војници во близина на Украина. Американските разузнавачи посочија дека е можна инвазија врз Украина на почетокот на 2022 година. И покрај видео разговорот меѓу американскиот и…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со четворица од петтемина новоизбрани офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во наредните четири години ќе извршуваат работни задачи во командните структури на НАТО. Заедно со уште еден офицер, кој веќе е во Измир во Турција, тие ќе бидат првата репрезентација на земјава што ќе ги пополни овие офицерски места во командната структура во НАТО. Шекеринска информира дека во тек се конкурси за дополнителни седум НАТО позиции на различни нивоа, а планот е до 2023 година целосно да се пополнат сите 20 места, што нѝ припаѓаат во командната структура во…
Новиот германски канцелар Олаф Шолц по Париз го посети и седиштето на Европската Унија (ЕУ) каде одржа прес-конференција со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел. Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата на ковид, кое е многу важно за Европа, приоритет е висока стапка на вакцинација, како и вакцината да се направи достапна и атрактивна за сите, изјави Шолц по средбата со Фон дер Лајен. Потоа тој се осврна на зелената политика на Германија, која е…
Европската Унија (ЕУ) сака Москва да ја намали тензијата што ја создаде со акумулацијата на војници на границата со Украина, а Брисел е подготвен да ги зајакне санкциите против Русија во случај таа да ја нападне оваа соседна земја, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во своето обраќање пред новинарите заедно со новиот германски канцелар Олаф Шолц, претседателката на ЕК денеска изјави дека ЕУ сака добри односи со Русија, но дека тие зависат од тоа како ќе се однесува Москва, која, како што рече, „зазема заканувачки однос кон соседите и со тоа ја поткопува безбедноста на Европа“.…
Руското Министерство за надворешни работи вечерва го повика НАТО да ја повлече својата „официјална“ одлука од 2008 година со која ги отвора вратите за пристапување на Украина и Грузија во Алијансата на што Москва категорично се спротивставува. Во интерес на европската безбедност е неопходно официјално да биде поништена одлуката од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, што ја отвора вратата за приклучување на двете земји кои граничат со Русија, се вели во соопштението на Министерството. Руските власти, исто така, побараа од НАТО да ги прекине воените вежби во близина на руската граница и повикаа на продолжување на „редовниот…