Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен ја одбрани светската титула во шах

0
By Sashko on December 10, 2021 СПОРТ
Фото: sputniknews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 10, 2021 22:13

Норвешкиот шаховски велемајстор Магнус Карлсен вечерва во Дубаи ја одбрани титулата светски првак, совладувајќи го предизвикувачот Јан Непомњашчиј со вкупен резултат 7,5:3,5 и со тоа ја постигна една од најубедливите победи во поновата историја на древната игра.

Од 1948 година кога Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) го презеде под свој патронат Поединечното светско првенство, само два дуела завршија со пет поени разлика (во Москва 1961 година: Ботвиник – Таљ 13:8 и во Лондон 1993 година: Каспаров – Шорт 12,5:7,5, а четири пресметки завршија со четири бода разлика (во Москва 1960 година: Таљ – Ботвиник 12,5:8,5, во Рејкјавик 1972 година: Фишер – Спаски 12,5:8,5; во Мерано 1981 година: Карпов – Корчној 11:7 и во Холандија и Инденозија 1993 година: Карпов – Тиман 12,5:8,5).

Сепак, Карлсен ја одбрани титулата по само 11 партии со што триумфот на Норвежанецот е најбрз во историјата на шахот.

Убедливата победа, сепак, не говори само за одличната игра на Карлсен, туку и за слабостите на неговиот предизвикувач кој понекогаш на двобојот во Дубаи правеше и почетнички грешки. Таков беше случајот и во денешната, последна, 11 партија, кога во приближно изедначена позиција, Непомњашчиј направи „харикири“, ослабувајќи ја позицијата на својата рокада, по што Карлсен со жртва на квалитет го „соголи“ противничкиот крал и во незапирлив напад со освојување дама постигна решавачка предност.

Дубаи Магнус Карлсен спорт Титула Шах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.