Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Данскиот министер за здравство Магнус Хојникe е позитивен на ковид-19 и се наоѓа во самоизолација во хотел во Брисел, соопшти Министерството. Хојникe останал во својата хотелска соба и не бил во контакт со други министри, соопштија од данската постојана мисија во Европската унија. Хојникe (46) пристигна во Брисел вчера вечерта и бил позитивен на денешниот утрински тест, пред состанокот на Советот, се вели во соопштението на неговото министерство. Тој има само благи симптоми, вклучително и болки во грлото.
Посебна седница на парламентот на Република Српска на која ќе се расправа за плановите за одвојување на ентитетот од уставниот и правeн поредок на Босна и Херцеговина е закажана за в петок. Тоа денеска го потврди потпретседателот на ентитетскиот парламент Денис Шулиќ, кој е член на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД). Според него, одлуката за закажување нa специјална седница ја донел одборот на Народното собрание на РС на барање на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Тој објасни дека Додик во рок од еден час ќе има можност да зборува во воведниот дел, а се поканети сите политички…
Партиите во новата германска коалициска влада денеска потпишаа договор за нивната, како што ја нарекуваат, прогресивна влада, еден ден пред Олаф Шолц да ја преземе функцијата канцелар од долгогодишната лидерка Ангела Меркел. Договорот постигнат минатиот месец меѓу лево-центристичките социјалдемократи на Шолц, Зелените и пропазарната Слободна демократска партија доби силна поддршка во последните денови од членовите на трите партии. Ова го отвори патот за Шолц утре да биде избран во парламентот, каде коалицијата има солидно мнозинство. Коалицискиот договор на 177 страници како главна тема го има забрзувањето на напредокот, што лидерите на новата влада го истакнаа на церемонијата на потпишувањето во берлинскиот музеј…
Европската Комисија (EK) денеска потврди дека Европската Унија (ЕУ) ќе биде присутна на терен во Авганистан и дека е тоа прашање на недели, а не месеци, јави дописничката на МИА од Брисел. Како ЕУ работиме со минимално присуство во Кабул, но од безбедносни причини не можеме да навлеземе во детали, прашање на недели е, не на месеци. Но, ова не е знак на признавање, рече Набила Масрали, портпаролка за надворешна политика, алудирајќи на талибанскиот режим во Авганистан. Дебатата во ЕУ околу присуството во Авганистан се кршеше околу тоа дали би значело признавање на Талибанците. Сакаме да можеме да му помогнеме…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека утре ќе ја информира јавноста за својот став во однос на Законот за експропријација, наведувајќи дека целиот пакет е во подготовка, се анализираат сите барања и дека е најдено решение, јави дописникот на МИА од Белград. Подготвуваме дополнителни проверки уште еднаш за да не направиме нешто противуставно, но со тоа ќе излеземе утре доколку денеска добиеме потврда од повеќе надлежни институции и правни експерти, изјави Вучиќ, додавајќи дека е важно да се слушнат луѓето, кои се занимаваат со своите животи, а не „глупостите на Ѓилас, Тепиќ, Зеленовиќ, кои имаат земано пари од Рио…
Истражната комисија во рамки на словенечкиот парламент во вторник и во среда ќе сослуша неколку сведоци во обид да открие траги од финансирање на предизборните активности на СДС, партијата на актуелниот премиер, Јанез Јанша. Според извештаи на медиумите во Словенија, комисијата ќе ги испита наводите за перење пари преку Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), која беше преземена од унгарската ОТП групација на почетокот на јуни 2021 година. Како што се наведува, истрагата за незаконско финансирање на СДС опфаќа и претходни периоди, поточно 2018 година кога во Словенија беа распишани предвремени парламентарни избори. Комисијата, исто така, треба да испита неколку лица…
Новата реформирана заедничка земјоделска политика денеска стапува на сила со објавата во службениот весник на Европската Унија (ЕУ). Договорот е постигнат во јуни помеѓу Парламентот и Советот на ЕУ врз база на предлогот на Европската комисија. Во новиот предлог за земјоделската политика на ЕУ се вклучени „поамбициозни цели за животната средина и климата“, вели Европската комисија и „порамномерна распределба на помошта, посебно малите и средните фарми“. Земјите членки имаат рок до 31 декември за поднесување на нивните стратешки планови до Европската Комисија која потоа ќе ги евалуира и треба да ги одобри во рок од шест месеци. Националните планови треба…
Еден од десет луѓе во европскиот регион на СЗО ќе биде заразен со ковид-19 до крајот на оваа недела, изјави регионалниот директор на организацијата, Ханс Клуге. Минатиот месец предупредивме дека до почетокот на 2022 година би можеле да загубиме уште пола милион животи, доколку не преземеме итни мерки, рече тој. „Помина еден месец и починаа уште 120.000 луѓе, а во регионот има уште 10 милиони случаи на ковид-19. До крајот на оваа недела, секој десетти човек во европскиот регион ќе биде заразен со ковид-19, што ќе биде потврдено со лабораториски тестови, додаде Клуге. Со наближувањето на крајот на годината и…
Британскиот производител на лекови „Глаксо Смит Клајн“ (Glaxo Smith Kline) соопшти дека неговиот лек Сотровимаб, односно терапија против ковид-19 заснована на антитела, на која работат со американскиот партнер „Вир Биотехноџи“ (Vir Biotechnology), е ефикасна против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – Омикрон, истакнувајќи дека станува збор за најнови податоци од студија во рана фаза. Резултатите од студијата, кои допрва треба да бидат разгледани и објавени во рецензирани медицински списанија, сугерираат дека третманот со Сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации што досега се идентификувани на шилестиот протеин, се вели во изјавата на „Глаксо Смит Клајн“. Друг претклинички резултат…
Србија доби согласност од сите земји-членки на Европската Унија (ЕУ) за отворање на кластерот 4 – Зелена агенда и одржливо поврзување на меѓувладината конференција на 14 декември. Овој кластер ги обединува поглавјата поврзани со транспорт, со енергија, со трансевропските мрежи, со заштита на животната средина и климатските промени. Во изминатата година Србија ја заврши правната рамка во областа на рударството и енергетиката. Со новите Закони за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и рационална потрошувачка на енергија, се дава помош и на граѓаните, каква што ЕУ обезбедува со години за изолација, за замена на столарија, за котли за греење…
Американскиот претседател Џо Бајден нареди задолжителна вакцинација на здравствените работници, што требаше да почне од наредната недела, но е блокирана од сојузен суд во Мисури. Само десет држави претходно се приклучија кон спротивставувањето на одлуката на претседателот да бара од сите здравствени работници во болниците и во домовите за стари лица на 6 декември да ја примат првата доза од вакцината и целосно да се ревакцинираат до 4 јануари. Нема сомнеж дека посветеноста на вакцината за 10,3 милиони здравствени работници е нешто што Конгресот треба да го направи, а не владина агенција, напиша судијата Доти од Окружниот суд на САД…
Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека платил експерти за да ја дискредитираат вакцината против коронавирус на конкурентската компанија „АстраЗенека“, објави британскиот „Канал 4“. „Фајзер“ наводно финансирал презентација во која говорниците тврделе дека вакцината на „АстраЗенека“ може да предизвика рак, како и дека не е безбедна за имунолошки загрозени пациенти. Изјавата наводно била дадена на едукативен семинар во Канада минатата година, но не се знае колку такви презентации имало и дали се работи за изолиран настан. Компанијата ги негира овие обвинувања, посочувајќи дека презентацијата „му е лажно припишана“ на „Фајзер“, односно дека била организирана од трета страна. Друг интересен факт од…