Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентот на Република Српска во петок ќе одлучува за планот на Додик за отцепување од БиХ

0
By Sashko on December 7, 2021 РЕГИОН
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 7, 2021 15:16

Посебна седница на парламентот на Република Српска на која ќе се расправа за плановите за одвојување на ентитетот од уставниот и правeн поредок на Босна и Херцеговина е закажана за в петок. Тоа денеска го потврди потпретседателот на ентитетскиот парламент Денис Шулиќ, кој е член на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД).

Според него, одлуката за закажување нa специјална седница ја донел одборот на Народното собрание на РС на барање на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој објасни дека Додик во рок од еден час ќе има можност да зборува во воведниот дел, а се поканети сите политички партии да назначат свои претставници за да го кажат својот став за предлозите што ќе бидат изнесени.

Очекувам дека ќе покажеме единство на РС на оваа седница, рече Шулиќ, кој го смени претседателот на парламентот на РС, Недељко Чубриловиќ, откако тој „привремено се повлече“ пред две недели, наведувајќи здравствени причини.

Опозицијата тогаш сугерираше дека Чубриловиќ всушност се обидува да се заштити од меѓународните санкции што ќе го чекаат доколку претседава со парламентарна седница за поддршка на сецесионистичките планови на Додик.

Претходно, самиот Додик најави дека ќе му предложи на ентитетскиот парламент да донесе заклучоци во кои ќе се констатира дека сите одлуки донесени од високи претставници на меѓународната заедница од потпишувањето на Дејтонскиот договор се незаконски.

Во исто време, ќе биде усвоена одлука за преоден шестмесечен период во кој владата на РС ќе усвои закони за основање на сите такви спорни државни институции на ниво на ентитети.

БиХ Милорад Додик Одвојување парламент регион Република Српска седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.