Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британски „Канал 4“: „Фајзер“ платил експерти за да ја напаѓаат вакцината на „АстраЗенека“

0
By Sashko on December 7, 2021 СВЕТ
Фото: nationalpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 7, 2021 12:03

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека платил експерти за да ја дискредитираат вакцината против коронавирус на конкурентската компанија „АстраЗенека“, објави британскиот „Канал 4“.

„Фајзер“ наводно финансирал презентација во која говорниците тврделе дека вакцината на „АстраЗенека“ може да предизвика рак, како и дека не е безбедна за имунолошки загрозени пациенти. Изјавата наводно била дадена на едукативен семинар во Канада минатата година, но не се знае колку такви презентации имало и дали се работи за изолиран настан.

Компанијата ги негира овие обвинувања, посочувајќи дека презентацијата „му е лажно припишана“ на „Фајзер“, односно дека била организирана од трета страна.

Друг интересен факт од истрагата е дека трошоците за производство за дозите на вакцината на „Фајзер“ наводно чинат само 76 пени по инјекција. Со оглед на тоа што „Фајзер“ наплаќа 25 евра по доза, тоа претставува маржа од 3.000 проценти во однос на производствената цена.

„Фајзер“ наведе дека проценките се „крајно неточни“ и дека не се земени во предвид клиничките истражувања, масовното производство, како и глобалната дистрибуција.

Професорот сер Ендрју Полард, директор на групата од Оксфорд која ја разви вакцината „АстраЗенека“, ги отфрли тврдењата и предупреди на опасностите од ширење дезинформации за вакцината.

Постои огромен ризик од дезинформации, бидејќи сè што ги тера луѓето да се двоумат околу вакцинацијата може да ги доведе нивните животи во ризик, рече тој.

„Тоа може да ги поткопа и да влијае на одлуките на луѓето за сопственото здравје, но исто така може да создаде несигурност за креаторите на политиката“, пишува „Дејли мејл“.

„Астразенека“ вакцини Велика Британија Ковид-19 Конкуренција медиум Свет фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.