Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Најдено е решение за Законот за експропријација, во сабота протестираа 31.000 луѓе

0
By Sashko on December 7, 2021 РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 7, 2021 14:17

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека утре ќе ја информира јавноста за својот став во однос на Законот за експропријација, наведувајќи дека целиот пакет е во подготовка, се анализираат сите барања и дека е најдено решение, јави дописникот на МИА од Белград.

Подготвуваме дополнителни проверки уште еднаш за да не направиме нешто противуставно, но со тоа ќе излеземе утре доколку денеска добиеме потврда од повеќе надлежни институции и правни експерти, изјави Вучиќ, додавајќи дека е важно да се слушнат луѓето, кои се занимаваат со своите животи, а не „глупостите на Ѓилас, Тепиќ, Зеленовиќ, кои имаат земано пари од Рио Тинто и сега протестираат“.

„За три месеци се изборите, но гласовите нема да ги брои „машинскиот мозок“, туку ќе важи еден човек- еден глас. Само на избори ќе се одлучи кој ќе управува со Србија“, порача Вучиќ.

Тој изјави дека минатата сабота во Србија протестирале вкупно 31.000 луѓе против Законот за експропријација и за референдумот и оти смета дека тоа е голема бројка.

Тоа се секако големи бројки, голем број на луѓе… Загрижен сум затоа тоа што не можат да бидат сите партиски функционери, но таму се луѓе кои се многу загрижени. Мора да се свртиме кон тие луѓе и да се обидеме да решиме нешто, кажа Вучиќ.

Според него, најголем број демонстранти, на ниво на цела Србија, имало во јануари 2019 година, кога на еден протест учествувале 81.000 луѓе, а минатиот викенд имало 31.000.

Вучиќ порача дека тоа се многу прецизни податоци и дека во саботата во близина на Сава центарот се собрале 4.190 демонстранти, а во Белград вкупно протестирале 8.000 луѓе. Најголем број луѓе се собраа во Нови Сад.

Тој повтори дека полицијата нема да се појави ниту на следните протести бидејќи „не може да штити никого во незаконски дејствија“.

На прашањето дали полицијата ќе ги уапси лицата кои со чекан и палки ги нападнаа демонстрантите во Шабац, Вучиќ одговори дека е сосема сигурен дека обвинителството ќе си ја заврши работата и дека се знае кои се тие луѓе.

Но, овој ваш херој носел чекан и секира, и тоа не гумена, туку вистинска, кажа тој.

Претседателот на Србија изјави дека никогаш нема да поддржи „обоени револуции“ и дека не постои за тоа работна група, ниту пак слушнал за тоа. Вучиќ кажа дека прашање е кои се целите и кои се интересите ако некој се гордее со поддршка однадвор.

За три и пол месеци имате избори, победувате, само некој треба да ги брои гласовите во тие кутии, кажа Вучиќ.

Некои медиуми во Белград неодамна објавија дека Русија и Србија формирале „работна група за борба против обоените револуции“.

На неодамнешната средба меѓу министерот за одбрана Александар Вулин и секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев во Москва беше истакнато дека „обоените револуции“ се инструмент на политиката на одредени центри на моќ и земји чија цел е поткопување на државноста и губење на суверенитетот под изговор за демократизација, и констатирано е дека „слободните земји“ мора да се спротивстават на тоа.

Александар Вучиќ Закон за експропријација протести регион Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.