Author: Sashko

Во последен момент успеавме да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи во отчетот за сработеното што го даде претпладнево на пресек од неговиот мандат. При преземање на Министерството за надворешни работи имал, како што рече, неколку приоритети, како добри односи со Европската Унија и со САД, добри односи со соседите, економска дипломатија, итн. Како успех, пак, ја наведе поништента Декларација во Бугарија за почеток на македонската интеграција во ЕУ. За шефот на дипломатијата се разбирливи поделените ставови и мислења околу францускиот предлог во јавноста, меѓутоа изрази увереност оти „времето ќе покаже дека е…

Read More

Годинава беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, а кој е комплементарен на дигиталната трансформација на МВР, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Таканаречените „боди-камери“ претставуваат бариера против корупцијата со што практично ги штитиме и граѓаните и полицијата, ги исклучивме човечките субјективности на кои сме научени со години наназад“, наведува Спасовски во објавата. Тој потенцира дека системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност. „Продолжуваме…

Read More

Конкретни мерки за поддршка на претпријатијата, како и план за зголемување на енергетската ефикасност испорача Сојузот на стопански комори (ССК), од каде предупредија дека ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната енергија на берзите претставува закана за опстојувањето на најголем дел од деловните субјекти. „Отворениот енергетски пазар во глобални рамки е надвор од контрола. Не постои производ или услуга која може да поднесе цена на струја од 600 или 700 евра за мегават час, односно не постои компанија што може да го покрие овој трошок без многу сериозни последици. Исто така, домашните производи со овие цени на електричната…

Read More

Претставници на власта уште еднаш ги повикаа пратениците во Собранието, пред сè оние од редовите на опозицијата, да ги поддржат уставните измени и да не го блокираат патот на земјава кон Европската Унија (ЕУ), додека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да ги поддржи предлозите за промена на Уставот. Премиерот Димитар Ковачевски ги повика сите 120 пратениците да бидат на висина на задачата и да го поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно членство во ЕУ, со тоа што ќе ги поддржат уставните измени. Тој нагласи дека уставните измени ќе поминат низ процес на парламентарна дискусија и тие се…

Read More

Рускиот нуклеарен гигант „Росатом“ ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави „Би-Би-Си“. Договорот што беше постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија. „Нека започне изградбата“, порача унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто во објава на Фејсбук. Нуклеарната централа моментно се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз. „Ова е голем чекор, важна пресвртница. На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок…

Read More

Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 3,5 денари за литар, додека цените на бензините и мазутот остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Еуросупер БС-95 ќе чини 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе биде 91,50 денари за литар, цената на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари за литар, на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 96,50 денари за литар, а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм. Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените…

Read More

Моментно во нашата држава на регулиран пазар се 72.000 компании и тие се снабдуваат со струја од АД ЕСМ. Само еден мал дел од компаниите, главно големите компании кои имаат од 1.000 до 2.000 вработени, се наоѓаат на слободен пазар, а тоа значи дека тие се снабдуваат од одредени трговци кои се лиценцирани во нашата држава за да ги снабдуваат со електрична енергија, истакна министерот за економија Крешник Бектеши. За време на посетата на РЕК Битола каде се одбележа Денот на рударите, министерот Бектеши ги отфрли и оцени како погрешни тврдењата на како што рече еден опозционен лидер дека државата…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 252 нови случаја на ковид-19 од 867 направени тестови, 426 оздравени пациенти и ниту еден починат.  Новите 252 случаја на ковид-19 се пријавени во Скопје – 127, во Кавадарци – 14, во Куманово, во Битола и во Охрид – по 12, во Велес – 10, во Прилеп – 8, во Тетово – 7, во Гостивар и во Кичево – по 5, во Штип, во Кочани и во Демир Хисар – по 4, во Струга, во Гевгелија, во Делчево и во…

Read More

Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе обвинение за воени злосторства против шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров. СБУ на социјалните мрежи објави дека собрала „безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров“. Покрај лидерот на Чеченија, собрани се и докази за воени злосторства извршени од заменик-шефот на одделот на руската Национална гарда за Чеченија Даниил Мартинов и еден од командантите на Националната гарда Хусеин Межидов.

Read More

Основното јавно обвинителство – Штип оформи предмет со цел да се утврдат причините за смртта на пациентот од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип. Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, денеска издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје. Од Обвинителството информираат дека постапуваат со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице. „Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да…

Read More

Воената офанзива на Русија во Украина е запрена поради лошите воени перформанси на Русија и жестокиот отпор на Украинците, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во последното ажурирање на разузнавањето објавено на Твитер, пренесува агенцијата „Укринформ“. „На 24 август 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и рече на Шангајската организација за соработка дека Русија намерно го забавува темпото на својата воена кампања во Украина, водена од потребата да се намалат цивилните жртви. Ова е речиси сигурно намерна дезинформација. Офанзивата на Русија е запрена поради лошите руски воени перформанси и жестокиот украински отпор. Под наредба на Шојгу, силите…

Read More

„Цивил“ организира панел дискусија на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“ денеска, петок, 26 август, со почеток во 14:30 часот. Организацијата најавува ексклузивно гостување на белоруските новинарки Ксенија Халубович и Алена Наскович, како и медиумскиот експерт д-р Волфганг Ресман од Германија. Работен јазик на настанот е англискиот. Минаа две години по масовните протести во Белорусија, по изборите во кои Александр Лукашенко прогласи победа, наспроти извештаите за тешки изборни манипулации. Режимот на Лукашенко насилно ги задуши протестите, со апсења и судско-полициски прогон на голем број интелектуалци, новинари и активисти. Белорусија ѝ ја отстапи својата територија на Русија…

Read More