Author: Sashko

Рано утрово се случи страшна експлозија во францускиот град Санари сир Мер. Детонацијата беше толку силна што предизвика уривање на зграда и според првичните информации има едно загинато лице. 🔴 Une femme et un bébé ont pu être sortis conscients des décombres à la suite de l’effondrement d’un immeuble à Sanary dans le Var. “Parmi les cinq personnes recherchées dans les décombres, trois ont pu être localisées” ⤵️ #Sanary #SanarysurMer pic.twitter.com/NZGYNMaJxY — La Provence (@laprovence) December 7, 2021 Пожарникарите трагаат под рушевините по евентуално затрупани лица во трикатниот објект на јужниот француски брег. Повредени се пет лица, вклучувајќи и бебе,…

Read More

Кинескиот премиер Ли Кечијанг на тркалезната маса со лидерите на големите меѓународни институции рече дека кинеската економија е длабоко интегрирана во светската економија и дека ќе биде сè поотворена. Отворањето е самостоен избор за постигнување развој, а вратата ќе се отвора пошироко и пошироко, рече Ли на шестиот видео дијалог на тркалезната маса во формат „1+6“, пренесува Бета. Според кинеската медиумска групација (ЦМГ), за време на вчерашниот дијалог, Ли истакнал дека оваа година се навршуваат 20 години од членството на Кина во Светската трговска организација (СТО). Во изминатите 20 години строго се придржувавме до правилата и искрено ги исполнивме нашите…

Read More

Доналд Трамп има огромна предност пред останатите републикански претенденти, односно за поранешниот американски претседател би гласале вкупно 67 отсто од републиканските гласачи, објави „The Hill“, повикувајќи се на истражување на агенцијата од Харвард CAPS-Harris Poll. На второ место е поранешниот потпретседател Мајк Пенс со девет проценти, а трет е гувернерот на Флорида, Рон Десантис со осум отсто. Доколку денеска се одржат претседателски избори во САД, поранешниот претседател Доналд Трамп би бил поддржан од повеќе гласачи отколку актуелниот претседател Џо Бајден. Во анкетата, 48 отсто од луѓето рекле дека би гласале за Трамп, додека 45 отсто рекле дека би гласале за…

Read More

Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс се отпуштени поради тоа што во одредениот рок не се вакцинирале против коронавирусот, јави агенцијата „Анадолија“. Станува збор за вработени на болницата „ЈуМас Меморијал хелт“ во Бостон, која на персоналот му дала рок до 1 ноември целосно да се вакцинира против ковид-19. Раководството на болницата соопшти дека чекало уште еден месец и оти на крајот ги раскинало договорите со персоналот кој не е вакциниран. Вакцинирани се 98 проценти од персоналот на болницата, а со тие два процента кои пружија отпор ја раскинавме соработката, се наведува во соопштението. Се наведува дека приоритет на…

Read More

Со вкупно 14 настапи на три бини, вечер во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи финалето на 23-то издание на „Таксират“ – најголемиот зимски урбан музички фестивал во Југоисточна Европа. За големото затворање на овогодишниот „Таксират“ пристигнуваат водечки светски, регионални и домашни музички уметници на електронската, рок, метал и трап/хип-хоп сцена. Како што информираат организаторите, на главната бина на „Таксират“, посетителите ќе уживаат во премиерниот настап во земјава на маестро Борис Брејча, истакнат суперхерој на светската електронска сцена и еден од најбараните изведувачи на денешницата. И покрај веќе трасираните музички правци, тој, сепак одлучи да создаде свој…

Read More

Министерството за одбрана (MO) соопшти дека е обезбеден и втор комплет со 7.000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата, а Баталјонот за специјални сили добива нови 700 комплети на борбени униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања. Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме дека со политичка волја и работа можат да се решат тие проблеми. Но, не застанавме тука. Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа, беше воведено правило на целосна…

Read More

„Сиромаштијата кај децата во Северна Македонија – семејните примања не се единствен фактор“ е тема на денешниот форум во организација на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија и Finance Think – Институт за економски истражувања и политики во Скопје. На Форумот ќе се дискутира и ќе се презентираат резултатите од првиот индекс за повеќедимензионална детска сиромаштија за земјата. Со тоа сакаме да помогнеме да се развијат политики што ќе ја подобрат социо-економската благосостојба на децата и ќе овозможат побрз развој на човечкиот капитал, соопштија организаторите. Најавено е обраќање на претседателот Стево Пендаровски и на претставничката на УНИЏЕФ во земјава, Патриција…

Read More

Силна поддршка за брза евроинтеграција доби вчера земјава со посетата на заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Габриел Ескобар, кој порача дека Вашингтон работи со европските партнери за побрза интеграција на земјава во ЕУ. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, во однос на преговорите со Бугарија рече дека се водат разговори и потсети на неговата средба со министерот во техничката Влада на Бугарија, Стоев во Рига, а кажа и дека 14 декември не е краен рок за постигнување решение со Софија. Тој рече дека има конкретен ангажман и оти разговорите со Софија продолжуваат. Северна Македонија е…

Read More

По повод празникот на големиот Светител Климент Охридски, патрон на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), попладнево во Соборниот храм во Скопје со почеток во 17:30 часот ќе се одржи свечена празнична богослужба, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а ќе служи епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со клирици од Скопската епархија и свештенослужители од Бигорскиот манастир. Утревечер, пак, на самиот празничен ден (8 декември) во 9 часот, Света Божествена Литургија ќе служи митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот Антаниски, г. Партениј, како и бројни свештенослужители на…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП „Македонија Пат“, соопшти АМСМ. На планинскиот премин Ѓавато, поради појава на магла, видливоста е намалена до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите,…

Read More

Иако во државите низ светот забрзано се шири Омикрон сојот на коронавирусот, во Македонија засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен во земјава е Делта сојот, што е случај и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствен реален излез од пандемијата. Новиот сој Омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство. Иако овој сој забрзано се шири, првите индикации…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин денеска ќе одржат видео-конференција. По нивниот состанок во Женева во јуни, листата на спорни прашања меѓу двете земји се зголеми. Резиме на разликите меѓу Вашингтон и Москва. Украина и можни санкции на Западот против Русија САД ја предупредија Русија дека ќе плати „висока цена“, вклучително и економски санкции со големо влијание, доколку ја нападне Украина, која тврди дека повеќе од 94.000 руски војници се стационирани во близина на нејзината граница. Вашингтон се залага за враќање на договорите од Минск од 2014 и 2015 година, чија цел беше да се стави…

Read More