Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Трамп би го победил Бајден доколку денеска има избори во САД

0
By Sashko on December 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доналд Трамп има огромна предност пред останатите републикански претенденти, односно за поранешниот американски претседател би гласале вкупно 67 отсто од републиканските гласачи, објави „The Hill“, повикувајќи се на истражување на агенцијата од Харвард CAPS-Harris Poll.

На второ место е поранешниот потпретседател Мајк Пенс со девет проценти, а трет е гувернерот на Флорида, Рон Десантис со осум отсто.

Доколку денеска се одржат претседателски избори во САД, поранешниот претседател Доналд Трамп би бил поддржан од повеќе гласачи отколку актуелниот претседател Џо Бајден.

Во анкетата, 48 отсто од луѓето рекле дека би гласале за Трамп, додека 45 отсто рекле дека би гласале за Бајден. Другите седум проценти биле неодлучни за кого би дале глас.

Анкетата била спроведена од 30 ноември до 2 декември меѓу 1.989 Американци.

Истражувањето доаѓа во време кога Бајден се соочува со мноштво проблеми како што се инфлацијата, постојано високите бројки на нови случаи на ковид-19 и контроверзното повлекување од Авганистан во текот на летото, а сите тие веќе доведоа до рекордно ниско ниво на неговиот рејтинг.

Според ова ново истражување, 51 отсто од испитаниците не ја одобруваат работата на Бајден, што е намалување за шест поени во последните месеци од годината.

анкета Доналд Трамп избори рејтинг САД Свет Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
ФОКУС

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

ВЕСТИ December 14, 2025

Илјадници граѓани излегоа на улиците на унгарската престолнина во саботата, барајќи оставка од премиерот Виктор…

Црна Гора ита кон ЕУ – овој вторник затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ

December 14, 2025

Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

December 14, 2025

По протестот на родителите од Кочани нови обвиненија – за „попречување на правда“

December 13, 2025
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.