Рано утрово се случи страшна експлозија во францускиот град Санари сир Мер. Детонацијата беше толку силна што предизвика уривање на зграда и според првичните информации има едно загинато лице.

Пожарникарите трагаат под рушевините по евентуално затрупани лица во трикатниот објект на јужниот француски брег.

Повредени се пет лица, вклучувајќи и бебе, во уривањето на зградата. Се верува дека причина за експлозијата е дефект во инсталацијата за гас.